Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Новости Започнување со работа на студиската програма Електротехника и информациски технологии при ФЕИТ во рамки на Докторската школа на УКИМ

Започнување со работа на студиската програма Електротехника и информациски технологии при ФЕИТ во рамки на Докторската школа на УКИМ

На Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје министерот за образование и наука Панче Кралев го означи почетокот на работата на Школата за докторски студии на УКИМ. Првото предавање го одржа ректорот на УКИМ проф. д-р. Велимир Стојковски, под наслов Универзитетот, науката и етиката – концепција и практика на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје.

 

Започнувањето со работа на студиската програма Електротехника и информациски технологии при ФЕИТ, беше означено со пригоден состанок каде на примените кандидати им се обратија Деканот на ФЕИТ, проф. д-р. Миле Станковски и раководителот на студиската програма Електротехника и информациско инженерство (ЕИТ), проф. д-р. Лилјана Гавриловска.

 

Деканот на ФЕИТ и раководителот на студиската програма го изразија своето задоволство од започнувањето на новите докторски студии на ФЕИТ и им посакаа на присутните кандидати и ментори успешна соработка и квалитетни резултати во текот на докторските студии.

 

Конечната листа на примени кандидати на трет циклус студии – докторски студии на студиската програма ЕИТ е следната:

 

Томислав Шуминоски

Данијела Јакимовска

Александра Матеска

Валентин Раковиќ

Даниел Денковски

Гоце Докоски

Николче Велјановски

Галина Јосифовска

Стојан Китанов

СКЕЕОР

skeeor1.png

ISO 9001:2008

Календар
март
« март 2017 »
повтсрчепесане
12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
2728293031