Лични алати
Пријави се
Трага: Дома I Циклус Огласи за вработување Оглас за вработување во ОИЛКО КДА - Скопје

Оглас за вработување во ОИЛКО КДА - Скопје

Рок за пријавување до 21.2.2019

ОИЛКО КДА - Скопје, распишува:


ОГЛАС


За вработување на 2 (два) работник на определено време од 6 (шест) месеци, на работно место инженер за одржување, во Одделението за возен парк во Секторот за возен парк и транспорт на ОИЛКО КДА - Скопје.

 

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

  • Завршено високо образование – Електро или машински факултет
  • Активно познавање на англиски јазик
  • Напредно користење на MS Office пакетот
  • Флексибилност и подготвеност на соработка

Основни одговорности и задачи:

  • Инсталација и одржување на мерни ситеми и на сензорски системи за детекција на состојба на вентили, капаци и капачиња за резервоар за гориво;
  • Инсталација и одржување на системи за превенција од претовар(сонди за претовар, маса и слично);
  • Инсталација и одржување на интерлок системи и ГПС системи;
  • Водење на целосна техничка и останата документација за возилата од возниот парк и грижа за тековната исправност за возилата;
  • Водење евиденција за трошокот на резервни делови и мазива;
  • Организирање на редовен и вонреден технички преглед и регистрација на возилата од возниот парк.

Ние нудиме:

  • Дневното работно време за горенаведеното работно место е од 07:00 часот до 15:00 часот
  • Неделното работно време изнесува 40 часа, од понеделник до петок
  • Основната плата за горенаведеното работно место изнесува 30500 денари
  • Прекувремената работа, работата за време на неработни денови или на денови на празници е платена согласно Законот за работните односи

Заинтересираните кандидати треба да достават:

Писмо за мотивација

Кратка биографија

Копија од диплома за завршено образование и копија од други стекнати дипломи, уверенија или препораки

Потребните документи да се достават на адреса:
„ОИЛКО КДА – Скопје“,
ул.10 бр.152, 1042 Миладиновци, Илинден.“
Лице за контакт за инжинер за одржување: Божин Мургоски, телефон за контакт: 02/ 25 20 693.

Рокот за пријавување почнува од денот на објавувањето на огласот и трае заклучно со датум 21.02.2019 година.

По истекот на рокот за поднесување на потребните документи, кандидатите кои ги исполнуваат бараните услови ќе бидат повикани на интервју.

Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши по спроведувањето на интервјуто во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот на пријавувањето, во зависност од бројот на пријавените кандидати, а согласно членот 23 став 2 од Законот за работните односи.

Кандидатите кои нема да достават целосна документација, апликациите што ќе бидат доставени преку e-mail, како и апликациите што ќе бидат примени по истекот на крајниот рок, нема да бидат земени во предвид.

СП ФЕИТ

copy_of_SPFEIT_Logo.jpg

Годишен распоред на испити

icon_cal5.png

Студентски правобранител
Студентски парламент за УКИМ
Веб:
http://spukm.org.mk
Адреса:
Ул. „М. Теодосие Гологанов“ бр. 28/13, 1000 Скопје

Контакт:
spukm.mk@gmail.com
02 / 3223 024
ЖИРО СМЕТКИ НА ФАКУЛТЕТОТ

Жиро сметки на ФЕИТ