Лични алати
Пријави се
Трага: Дома I Циклус Организации ИАЕСТЕ

ИАЕСТЕ

ИАЕСТЕ Македонија (International Organization for the Exchange of Students for Technical Experience) е неполитичка, независна, невладина, волонтерска организација која овозможува размена на студенти од техничките факултети за извршување на стручна пракса.

Преку ИАЕСТЕ студентите имаат можност да стекнат работно искуство на професионален план, да бидат во тек со актуелните технички достигнувања кои се применуваат во светот, како и многу нови контакти и пријателства. ИАЕСТЕ Македонија има околу 300 членови.

На чело на ИАЕСТЕ стои петчлено претседателство избрано со гласање од полноправните членови на организацијата. Претседателството се состои од Национален секретар, Одговорен за финансии, Одговорен за македонските студенти кои остваруваат пракса во странство, Одговорен за странски студенти кои остваруваат пракса во Македонија и Одговорен за маркетинг. Сите имаат мандат од две години од моментот на изборот. ИАЕСТЕ Македонија има два локални комитета: локален комитет Скопје и локален Комитет Битола.

Член на ИАЕСТЕ може да стане секој редовен студент на следниве факултети при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”: Факултет за електротехника и информациски технологии, Машински, Градежен, Архитектонски, Технолошко-металуршки, Шумарски, Земјоделски, Природно-математички, Рударско-геолошки, во рамките на локален комитет Скопје, потоа на техничкиот факултет на Универзитетот “Св. Климент Охридски” во рамките на локален комитет Битола, како и на интердисциплинарните студии организирани на тие факултети. Студентот треба да плати членарина од 300 денари годишно. Во зависност од активностите кои ги извршувал во текот на целата година, јазиците што ги зборува, просекот од предметите што го слуша, како и во зависност од барањата на работодавците од разменетите пракси, студентот може да си овозможи предност во избирањето на разменетите пракси пред другите студенти.

Некои од активностите кои студентот може да ги извршува се: обезбедување на стручна пракса за странски студенти во наши фирми, присуство во медиумите, компјутерска обработка и осмислување на маркетингшки материјал, одржување на веб страната на организацијата, наоѓање на спонзорства имајќи предвид дека ИАЕСТЕ Македонија е целосно студентска организација без постојан извор на приходи за разлика од други комитети на ИАЕСТЕ низ светот. Доделувањето на праксите на студентите е рамноправно, чесно и јавно. Официјалната веб страна на ИАЕСТЕ Македонија се наоѓа на www.iaeste.org.mk .

СП ФЕИТ

copy_of_SPFEIT_Logo.jpg

Годишен распоред на испити

icon_cal5.png

Студентски правобранител
Студентски парламент за УКИМ
Веб:
http://spukm.org.mk
Адреса:
Ул. „М. Теодосие Гологанов“ бр. 28/13, 1000 Скопје

Контакт:
spukm.mk@gmail.com
02 / 3223 024
ЖИРО СМЕТКИ НА ФАКУЛТЕТОТ

Жиро сметки на ФЕИТ

 
ТЕРМИНИ ЗА КОНСУЛТАЦИИ НА НАСТАВНИОТ КАДАР НА ФЕИТ

Termini.jpg

ФЕИТ веб пошта

logomail.jpg

ФЕИТ во социјалните мрежи

facebooklogo.jpg
twitterlogo776015.jpg