Лични алати
Пријави се
Трага: Дома I Циклус Студентски пракси Оглас за пракса во Артисофт

Оглас за пракса во Артисофт

Рок на аплицирање: до 16.04.2017

artisoft.png

 

30.03.2017   Оглас за пракса во Артисофт

 

Компанијата Артисофт има потреба од проширување на тимот. Со таа цел имаме потреба од практиканти, кои по завршената пракса ќе имаат и можност за вработување во нашата компанија. Кандидатите  треба да се во последната студиска година.

 

Потребен е профил на личност која знае да размислува проактивно, сака да стекнува нови вештини и знаења и преку тимска работа да го даде својот придонес во насока на постигнување на целите на компанијата.
Се нуди можност за одлични услови за работа и професионална надоградба.

 

Работниот ангажман за време на праксата опфаќа 40 часовна работна недела со флексибилно работно време.

Потребни квалификации:
- Основни познавања од областа на: HTML, CSS, JavaScript, PHP, …
- Основни познавања од областа на бази на податоци: PostgreSQL, MySQL, Oracle, …
- Солидно познавање на англиски јазик.

- Кандидатите со познавање на ColdFusion ќе имаат предност.

Опис на работно место:
- Организирана работа во тим;
- Full stack development
- Комуникација со клиенти;


Заинтересираните кандидати можат да ги достават своите CV-а на  info@artisoft.mk со назнака За пракса во Артисофт “. Рокот за пријавување е до 16.04.2017 година.