Лични алати
Пријави се
Трага: Дома I Циклус Студентски пракси Оглас за пракса во Артисофт

Оглас за пракса во Артисофт

Рок за аплицирање до 5.11.2017 година

 

artisoft.slika.png

 

Пракса во Артисофт

 

Друштвото за информатика Артисофт (http://saas1.artisoft.net/), една од водечките компании за изработка на SaaS (Software as a Service) решенија во регионот, ги поканува заинтересираните студенти од последната студиска година на ФЕИТ да учествуваат во нивната овогодишна програма за пракси, во рамките на кои се достапни 5 позиции за пракса. Во текот на тримесечната пракса (со можност за дополнително продолжување), студентите ќе имаат можност да работат со најнови и најмодерни технологии (Cloud технологии, Big Data & Search технологии), на конкретни проекти кои се работат во компанијата.

Работниот ангажман за време на праксата опфаќа 40 часовна работна недела со флексибилно работно време.

Кандидати кои ќе бидат земени во предвид за пракса во Артисофт се студенти од ФЕИТ во нивната последна студиска година кои  имаат изразена желба да учат нови работи и да имаат некакви почетни знаења. Предност ќе им се даде на канидатите што имаат искуство во работа со бази на податоци, Web development (HTML, CSS).

На најдобрите практиканти Артисофт ќе им понуди и можност за вработување по завршување на праксата.

Заинтересираните кандидати можат да го испратат своето CV преку email на info@artisoft.mk со назнака “ Пракса во Артисофт”.

Рокот за пријавување е 05.11.2017 година.