Лични алати
Пријави се
Трага: Дома I Циклус Студентски пракси Оглас за платена пракса во Инбох

Оглас за платена пракса во Инбох

Рок на аплицирање: до 17.02.2017

og_inbox.jpg

 

Инбох ДООЕЛ Скопје, најуспешниот професионален архивски и дата центар во Македонија, кој на своите клиенти им нуди врвна заштита на податоци и документи во своите физички и дигитални архиви, поради зголемен обем на работа и организациска комплексност има потреба од практиканти:

IT HELP DESK & IMPLEMENTATION ADMIN

кои по завршената пракса ќе имаат можност и за вработување.

Ако сте проактивни, подготвени да совладувате нови технолошки предизвици и да се стекнувате со нови вештини, барате шанса да се докажете во динамична бизнис средина и да придонесете во остварувањето на мисијата на компанијата – ние Ве бараме токму Вас да се приклучите на тимот на ИНБОХ.

 

ПОТРЕБНИ ВЕШТИНИ И ЗНАЕЊА:

  • Познавање на компјутерски системи и работа со нив
  • Основно познавање на мрежи (DNS, DHCP)
  • Познавања од инсталација на софтверски пакети (МС OFFICE, подесување и инсталација на драјвери)
  • Познавање на Microsoft OS
  • Пожелно е познавање на Adobe, Photoshop, Indisign
  • Одлично познавање на англиски јазик

 

ТЕХНИЧКИ ОДГОВОРНОСТИ:

  • Инсталација на нова опрема
  • Дијагностицирање на сервисни проблеми
  • Сервисирање/поправка
  • Тестирање на извршена сервисна услуга
  • Обезбедување на техничка поддршка на корисници
  • Обработка на фајлови и слики

 

Професионална биографија и мотивациско писмо ги очекуваме на jobs@inbox.com.mk, најдоцна до 17 февруари 2017 година, со назнака "За практикантска работа".

Работното време започнува од 08:00 часот до 16:00 часот, од понеделник до петок.

За целото времетраење на практикантската работа е обезбеден превоз и паричен надоместок.

СП ФЕИТ

copy_of_SPFEIT_Logo.jpg

Годишен распоред на испити

icon_cal5.png

Студентски правобранител
Студентски парламент за УКИМ
Веб:
http://spukm.org.mk
Адреса:
Ул. „М. Теодосие Гологанов“ бр. 28/13, 1000 Скопје

Контакт:
spukm.mk@gmail.com
02 / 3223 024
ЖИРО СМЕТКИ НА ФАКУЛТЕТОТ

Жиро сметки на ФЕИТ