Лични алати
Пријави се
Трага: Дома I Циклус Студентски пракси Пракса во Македонски Телеком АД - Скопје

Пракса во Македонски Телеком АД - Скопје

Рок на аплицирање: до 16.12.2016

telekomlogo.jpg

ОГЛАС ЗА ИКТ

Доколку сте активен студент и размислувате на тоа како да го збогатите своето CV, Македонски Телеком нуди единствена можност да биде дел од практикантската програма, а воедно и дел од тимот на една од најпрестижните компании во Македонија.

Приклучи се на тимот во ИКТ. Времетраењето на Вашиот ангажман во текот на денот ќе биде одредено согласно вашите обврски на факултет. Со вашиот ангажман би допринеле кон нови иновативни решенија за компанијата и воедно ќе се стекнете со незаменливо работно искуство. За Вашиот ангажман ќе следи одреден финансиски надомест.

Како дел од тимска работа, во Вашите активности ќе имате можност да стекнете искуство, да работите и да дадете придонес во:

  • Подготовка на информациско-комуникациски (ИКТ) технички решенија наменети за сегментот на деловни корисници.
  • Развој на иновативни решенија базирани на технологиите на светски препознатливите технолошката лидери прилагодени на функциите и потребите на крајните корисници.
  • Области за развој на иноватнивни производи за SW, HW, M2M, IoT, SmartCity, e-health  како и Cloud, XaaS, управувани сервиси.
  • Примена на теоријата во практична работа со телекомуникациски уреди и IT опрема, во делот на поставување, сетирање, одржување, печирање, мониторинг на перформанси, управување со мрежни и ИТ елементи
  • Примена на теоријата во практична работа со дата центар услуги и нивно оперативно управување

Вашите CV ги очекуваме на sonja.kargova@telekom.mk, најдоцна дo 16.12.2016 година со напомена дека аплицирате за пракса во ИКТ.

Ви благодариме на  покажаниот интерес.