Лични алати
Пријави се
Трага: Дома I Циклус Студентски пракси Пракса во Народна банка на Република Македонија

Пракса во Народна банка на Република Македонија

Објавено 27.04.2017

 

nbrm.JPG

 

Почитувани,

 

Ве известуваме дека студентите на високообразовните институции од областа на економијата, правото, информатичките науки и други општествени науки коишто се во доменот на работата на организациските единици во Народната банка имаат можност да вршат практична работа во Народната банка на Република Македонија, во текот на јуни, јули и август 2017 година.

Пријавата се доставува до Народната банка откако претходно е целосно пополнета од страна на студентот со потврда и печат на факултетот, а кон барањето треба да се достави и следново:

 

  • доказ за видот на образованието коешто е во тек (копија од индекс или ИД);
  • доказ за просечен успех
  • доказ за познавање на англискиот јазик (се прифаќа и копија од положен испит по англиски јазик);
  • доказ за познавање MS Office (се прифаќа и копија од положен испит по информациски технологии);
  • мотивациско писмо.

 

При одобрување на пријавата, ќе се имаат предвид видот на образованието, просечниот успех, како и покажаната мотивација за вршење практична работа во Народната банка.

Пријавата за вршење практична работа е објавено на веб-страницата на Народната банка www.nbrm.mk.

 

Со почит,

Дирекција за управување со човечките ресурси
Народна банка на Република Македонија

СП ФЕИТ

copy_of_SPFEIT_Logo.jpg

Годишен распоред на испити

icon_cal5.png

Студентски правобранител
Студентски парламент за УКИМ
Веб:
http://spukm.org.mk
Адреса:
Ул. „М. Теодосие Гологанов“ бр. 28/13, 1000 Скопје

Контакт:
spukm.mk@gmail.com
02 / 3223 024
ЖИРО СМЕТКИ НА ФАКУЛТЕТОТ

Жиро сметки на ФЕИТ