Лични алати
Пријави се
Трага: Дома I Циклус Студентски пракси Практична работа во Народната банка на Република Северна Македонија

Практична работа во Народната банка на Република Северна Македонија

Објавено на 6.3.2019

logo.NBRM.png

Студентите на високообразовните институции од областа на економијата, правото, информатичките науки и други општествени науки коишто се во доменот на работата на организациските единици во Народната банка имаат можност да вршат практична работа во Народната банка на Република Северна Македонија, во текот на месеците јуни, јули и август 2019 година.

Пријавата се доставува до Народната банка откако претходно е целосно пополнета од страна на студентот со потврда и печат на факултетот, а кон барањето треба да се достави и следново:

  • доказ за видот на образованието што е во тек (копија од индекс или ИД);
  • доказ за просечен успех;
  • доказ за познавање на англискиот јазик (се прифаќа и копија од положен испит по англиски јазик);
  • доказ за познавање „MS Office“ (се прифаќа и копија од положен испит по информациски технологии);
  • кратко мотивациско писмо.

При одобрување на пријавата, ќе се имаат предвид видот на образованието, просечниот успех, како и покажаната мотивација за вршење практична работа во Народната банка.

Огласот и пријавата за вршење практична работа се објавени на веб-страницата на Народната банка www.nbrm.mk.

СП ФЕИТ

copy_of_SPFEIT_Logo.jpg

Годишен распоред на испити

icon_cal5.png

Студентски правобранител
Студентски парламент за УКИМ
Веб:
http://spukm.org.mk
Адреса:
Ул. „М. Теодосие Гологанов“ бр. 28/13, 1000 Скопје

Контакт:
spukm.mk@gmail.com
02 / 3223 024
ЖИРО СМЕТКИ НА ФАКУЛТЕТОТ

Жиро сметки на ФЕИТ