Лични алати
Пријави се
Трага: Дома I Циклус Тековни соопштенија за студентите Оглас за стипендии - Делфи Електроник Системс Македонија

Оглас за стипендии - Делфи Електроник Системс Македонија

Рок на аплицирање: до 10.06.2017

delphimin.png

Делфи Електроник Системс Македонија е компанија која развива напредни технологии во автомобилскиот сектор кои овозможуваат сигурно управување со возилото, технологии незагадувачки за околината и технологии кои се поврзани со околината.

Делфи Електроник Системс Македонија е во потрага на студенти кои не поставуваат граници туку ги прават нештата можни.
Ќе бидете дел од тимот на Делфи Електроник Системс Македонија.
Ќе се запознаете со високите технолошки процеси, ќе бидете вклучени во решавање на проблемите и постојано подобрување на процесите.
Ќе имате свој придонес да го направите светот подобро место за живеење.

 

Размислете за тоа и
аплицирајте за стипендијата Питер Гросман


Стипендијата Питер Гросман ви овозможува:

  • Стипендирање во период од 6 месеци во 2017 година
  • Практична работа во период од месец дена
  • Можност за професионално усовршување во производниот, инженерскиот процес и делот за квалитет и логистика
  • Запознавање со индустријата и процесите кои се одвиваат во неа
  • Работа во тим во динамична атмосфера
  • Работа на проекти заедно со ментор
  • Можност за подготовка на дипломски труд
  • Континуиран процес на учење за време на цела пракса
  • Обезбеден превоз и храна за целото времетраење на праксата

 

Право на стипендија Питер Гросман:

Имаат студентите од III/IV година на Факултет за електротехника и информациски технологии, Машински Факултет или Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство и кои ги исполнуваат следните услови:

  • да се редовни студенти;
  • да не повторувале година во текот на студирањето;
  • да не се корисници на стипендија од други установи, институции или компании;
  • да се државјани на Република Македонија.

 

Доколку сте заинтересирани за можноста, Ве молиме да се пријавите со поднесување на Ваша биографија (CV) на следнава електронска адреса delphi.hr.macedonia.staffing@delphi.com, во предметот на пораката наведете Апликација за стипендија Питер Гросман.

Краен рок за аплицирање 10.06.2017.