Лични алати
Пријави се
Трага: Дома I Циклус Тековни соопштенија за студентите Оглас за стипендирање на студент од електроенергетските насоки

Оглас за стипендирање на студент од електроенергетските насоки

Рок за аплицирање до 31.5.2019

 

vardardolomit.png

 

За компанијата Вардар Доломит

Вардар Доломит е производител на синтер доломит, доломитни опеки и маси, лоцирана во Гостивар и е во сопственост на групацијата HAZNEDAR REFRACTORIES.

Имајќи директен пристап и контрола на главната сировина преку висококвалитетните рудници кои се во сопственост на компанијата, Вардар Доломит се наоѓа во стратешка предност во однос на неколкуте други производители на доломит во светот.      Употребата на доломитот во индустријата за челик е рапидно зголемена во последните децении како резултат на нивната позитивна определба за производство на чист челик во чиста животна средина. Високиот степен на огноотпорност, инертноста кон челикот, одличните перформанси како и ниската цена го истакнуваат доломитот како разумен избор за производителите на челик во 21от век.

Со производен капацитет од над 90.000 тони годишно, Вардар Доломит е горд што ги снабдува своите потрошувачи со доломитни огноотпорни материјали од највисок квалитет, добиени по највисоки стандарди.

Признанија и сертификати

Вардар Доломит дава посебно значење на одржувањето на квалитетот на своите производи на највисоко ниво. Потврда за тоа е сертификацијата според интернационалниот стандард за квалитет ISO 9001, што континуирано се одржува од 2006 година.

Сертификатот за интернационалниот систем за менаџмент на животна средина ISO 14001, со кој што се стекнавме во 2008 година, e показател на нашата чуствителност за благосостојбата на животната средина.

Вардар Доломит е компанија лидер во регионот по однос на енергетската ефикасност со имплементацијата на стандардот за енергетски менаџмент ISO 50001.

Стипендирање на нови инженери

Фабриката има потреба од електроинженер од насоките: Електроенергетски сиcтеми, Електроенергетика, управување и менаџмент или Електроенергетика, автоматизација и обновливи извори на енергија. Нашата компанија обезбедува стипендија во месечен износ од 100 евра во денарска противвредност, во период од една учебна година.

Во текот на стипендирањето студентот е задолжен да ги запази следните услови:

- редовно да ги запишува семестрите, да постигне солиден успех (најмалку 8.00 ) и да дипломира во рокот предвиден со студиската програма на Факултетот за електротехника и информациски технологии.

- на почетокот на секој семестар до давателот на стипендијата да достави потврда за запишан нареден семестар и уверение за предвидени и положени испити со успех и индекс на увид ( заради продолжување на договорот ).

- во рок од 30 дена студентот да ги извести давателот на стипендијата за евентуално настани промени, како што се: промена на факултет, отсек, прекинување на понатамошно школување, добивање на друга стипендија или кредит, дипломирање, како и други промени битни за остварување на правото на стипендија, со тоа што студентот е должен веднаш да ја врати целата исплатена стипендија, до моментот на промена на факултет, отсек или прекинување на понатамошното школување.

- корисникот на стипендија го губи правото за стипендија во случај на неисполнување на горенаведените обврски, доколку се утврди дека правото на стипендија го остварил врз  основа на невистинити податоци приложени на огласот за стипендирање и ако бил правосилно осуден за кривично дело со издржување казна затвор подолга од 6 месеци ( шест месеци ).

Рокот за пријавување е до 31 мај, 2019 година.

Пријавата заедно со потврдата за положените испити се доставуваат во студентската служба.

За повеќе информации може да се обратите на продеканот проф. д-р Владимир Димчев.

СП ФЕИТ

copy_of_SPFEIT_Logo.jpg

Годишен распоред на испити

icon_cal5.png

Студентски правобранител
Студентски парламент за УКИМ
Веб:
http://spukm.org.mk
Адреса:
Ул. „М. Теодосие Гологанов“ бр. 28/13, 1000 Скопје

Контакт:
spukm.mk@gmail.com
02 / 3223 024
ЖИРО СМЕТКИ НА ФАКУЛТЕТОТ

Жиро сметки на ФЕИТ