Лични алати
Пријави се
Трага: Дома I Циклус Тековни соопштенија за студентите Повик за учество на СКЕЕОР

Повик за учество на СКЕЕОР

Објавено 18.08.2017

Здружение за истражување и промоција на

енергетската ефикасност и одржливиот развој

СКЕЕОР – Скопје

 

 

Петта Студентска Конференција Енергетска

Ефикасност и Одржлив Развој

 

 

 

SKEEOR.jpg

 

Повик за трудови


 

 

Здружение за истражување и промоција на

енергетската ефикасност и одржливиот развој


copy4_of_.jpg

 

Факултет за електротехника и информациски технологии-Скопје

 

copy6_of_.jpg

 

Македонска секција на IEEE

 

IEEE.jpg

 

 

Мако Сигре


copy5_of_.jpg

 

Ве покануваат да земете учество на петтата СТУДЕНТСКА КОНФЕРЕНЦИЈА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ И ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ

 

23– 25 ноември 2017 година

Скопје, Република Македонија

 

Цели на конференцијата

 

Преку поттикнување на студентите да размислуваат и работат на проекти поврзани со енергетска ефикасност и одржлив развој, може да се оствари значаен придонес кон зголемувањето на нивната креативност и иновативност во овие области, што секако е еден од клучните аспекти во остварувањето на веќе поставените цели, како и на големиот број предизвици со кои неминовно ќе се соочиме во иднина. Студентската конференција„Енергетска ефикасност и одржлив развој“ претставува одлична можност за студентите да се вклучат во овој процес и преку презентација на своите трудови и истражувања, развивање дискусии и меѓусебна соработка да придонесат кон понатамошното развивање на идеи поврзани со можностите и потенцијалот кои овие области ги нудат. Дополнително, самата конференција како еден настан од ваков карактер ќе има и големо влијание во зголемувањето на општитот интерес и свеста за значењето на оваа проблематика.

 

Научни области на конференцијата

 

А. ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА

A1. Директно и индиректно искористување на енергијата од ОИЕ

А2. Проектирање на електрични централи од ОИЕ

А3. Хибридни системи за производство на енергија од ОИЕ

А4. Дистрибуирано производство на електрична енергија од ОИЕ

А5. Интегрирање на обновливите извори на електрична енергија во ЕЕС

А6. Технологии на складирање на енергија од ОИЕ

 

Б. ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСНИ УРЕДИ, МЕРЕЊА И ДИЈАГНОСТИКА

Б1. Енергетски ефикасни електрични машини,уреди и апарати

Б2. Енергетска ефикасност во електромоторни погони

Б3. Управување на ЕЕУ и можности за подобрување на квалитетот на електрична енергија

Б4. Мерење на енергетската ефикасност на објекти и процеси

Б5. Влијание на енергетски ефикасни електронски потрошувачи врз ЕЕС

Б6. Заштеда на електрична енергија во домаќинствата и стопанството

 

Ц. ПАМЕТНИ МРЕЖИ И СИСТЕМИ ЗА АВТОМАТИЗАЦИЈА НА ОБЈЕКТИ

Ц1. Енергетско ефикасно вмрежување

Ц2. Паметни мрежи – концепти и трендови

Ц3. Компјутерски апликации и помогнато проектирање на ЕЕС и ОИЕ

Ц4. Автоматизација на процеси и објекти за користење на ОИЕ

Ц5. Автоматизација на објекти во функција на енергетска ефикасност и заштеда

Ц6. Можности за користење на ИКТ системи за енергетска ефикасност и одржлив развој

 

Д. ЕЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛА И ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСЕН ТРАНСПОРТ

Д1. Електрични и хибридни возила

Д2. Возила погонувани од горивни ќелии

Д3. Енергетски ефикасен транспорт

Д4. Менаџирање на енергијата за транспорт

Д5. Внатрешен транспорт и складишта

 

Е. ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ ВО ГРАДЕЖНИШТВО И АРХИТЕКТУРА

Е1. Пасивни и нулти енергетски објекти

Е2. Енергетски ефикасни материјали во градежништво и архитектура

Е3. Системи за стандардизација и контрола на енергетски ефикасни градби

Е4. Градежни објекти и животна средина

 

Ф. УПРАВУВАЊЕ НА ОДРЖЛИВИ СИСТЕМИ И ПОТРОШУВАЧКА НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА

Ф1. Управување и мониторинг на одржливи системи

Ф2. Менаџмент и контрола на квалитет на електрична енергија

Ф3. Ефикасно планирање на потрошувачка на електрична енергија

Ф4. Проценка на одржливост на енергетски системи

Ф5. Правна регулатива во енергетска ефикасност и одржлив развој

Ф6. Социо-економски и еколошки аспекти на одржлив развој

 

Г. НОВИ И ПРИМЕНЕТИ ТЕХНОЛОГИИ И МАТЕРИЈАЛИ

Г1. Примена на нови материјали во областа на ОИЕ

Г2. Примена на нови методи за искористување на наноматеријали

Г3. Биогорива – производство, карактеристики и можности за употреба

Г4. Современи технологии за искористување на биомаса

Г5. Складирање и искористување на отпад и отпадни материјали

 

Х. ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСНА ЖИВОТНА СРЕДИНА

Х1. Прописи за намалување на емисијата на стакленичките гасови

Х2. Процеси за поттикнување на енергетски ефикасна животна средина

Х3. Климатски промени и глобално затоплување

Х4. Одржлив развој на животната средина

Х5. Глобални еколошки промени и менаџирање на екосистемите

 

Учесници на конференцијата

 

- студенти на додипломски студии

- студенти на последипломски и докторски студии

- претставници од академската средина

- компании чија дејност е поврзана со темите на конференцијата

Работни јазици

Работни јазици на конференцијата : македонски јазик англиски јазик

Насоки за учесниците

- За учесниците кои се студенти на додипломски студии е задолжително менторство на трудот од страна на професор со цел да се зголеми квалитетот на пријавените трудови.

- За учесниците запишани на последипломски и докторски студии се препорачува коавтор на трудот да биде професор.

-   За учество на конферецијата авторите треба да пријават апстракт електронски на

skeeor@feit.ukim.edu.mk најдоцна до 31.08.2017

- Апстрактот треба да биде напишан според упатството поставено на официјалната страна на конференцијата http://skeeor.feit.ukim.edu.mk - Краен рок за испраќање на изработен труд е 30.10.2017

Рецензија на трудовите

Пријавените трудови ќе бидат рецензирани од Научниот одбор. Во однос на анализата и корекциите на трудовите,може да бидат организирани дополнителни консултации.

Зборник на трудови

Трудовите кои што ќе бидат изработени според официјалното упатство, навремено испратени и прифатени од страна на Научниот одбор, ќе бидат објавени во официјалниот зборник на трудови од конференцијата.

Место на одржување - Факултет за електротехника и информациски технологии, Скопје

Информации за организаторите

- СКЕЕОР – Студентска конференција за енергетска ефикасност и одржлив развој

skeeor@feit.ukim.edu.mk

- ФЕИТ - Факултет за електротехника и информациски технологии ул. Руѓер Бошковиќ бр. 18, П. фах 574, 1000 Скопје www.feit.ukim.edu.mk

- ИЕЕЕ – Македонска секција на ИЕЕЕ Факултет за електротехника и информациски технологии ул. Руѓер Бошковиќ бр. 18, П. фах 574, 1000 Скопје https://webinabox.vtools.ieee.org/wibp_home/index/R80077

- Мако Сигре Факултет за електротехника и информациски технологии ул. Руѓер Бошковиќ бр.18, П. фах 574, 1000 Скопје https://mako-cigre.mk/

Важни датуми

31.08.2017 год. - пријава за учество на конференцијата со испраќање на апстракт

30.10.2017 год. - испраќање на труд

23.11.2017 – 25.11.2017 год. - одржување на конференцијата