Лични алати
Пријави се

Rethink by Solveo

Рок за апликација до 2.5.2018 година

 

Се известуваат студентите на ФЕИТ дека утре - Четврток (26.04.2018) во 15 h во просторија 109 на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) ќе се одржи презентација на настанот Re-think во склоп на IT NOVUM и Скопје Креатива. На настанот може да учествуваат и студенти од техничките факултети кои може да се пријават најдоцна до 02.05.2018. Повеќе информации во прилог и утре за време на настанот.

Во организација на Солвео заедно со M3DS, академија за 3D моделирање, ќе се организира тридневен настан кој ќе се одржи во периодот од 11.05 до 13.05.2018, во Македонскиот Културен Центар (МКЦ), во склоп на IT NOVUM и Скопје Креатива.

Настанот е насловен: Re-think и претставува креативен маратон каде над 100 студенти од различни области (економија, информатика, архитектура, дизајн, итн.) ќе работат во мултидисциплинарни тимови кои ќе имаат можност да креираат идејни решенија за понапредно функционирање и живеење во градот.

Со цел студентите да се запознаат подобро со можностите што ги нуди настанот ќе биде направена кратка презентација пред студентите за тоа што ќе се случува за време на настанот и што може тие да добијат од учеството во него. Учеството во натпреварот е бесплатно, и може да биде вредно практично искуство за сите студенти, затоа што ги поттикнува да размислуваат, да истражуваат и да решаваат реални проблеми.

copy7_of_.jpg

СП ФЕИТ

copy_of_SPFEIT_Logo.jpg

Годишен распоред на испити

icon_cal5.png

Студентски правобранител
Студентски парламент за УКИМ
Веб:
http://spukm.org.mk
Адреса:
Ул. „М. Теодосие Гологанов“ бр. 28/13, 1000 Скопје

Контакт:
spukm.mk@gmail.com
02 / 3223 024
ЖИРО СМЕТКИ НА ФАКУЛТЕТОТ

Жиро сметки на ФЕИТ