Лични алати
Пријави се
Трага: Дома I Циклус Тековни соопштенија за студентите СООПШТЕНИЕ - Пријавување на испити за втора испитна сесија 2016/2017 година

СООПШТЕНИЕ - Пријавување на испити за втора испитна сесија 2016/2017 година

С О О П Ш Т Е Н И Е

Пријавување испити прв циклус студии


  • Пријавувањето испити од прв циклус студии за студентите запишани на НОВИТЕ студиски програми (запишани од генерациите 2012/2013 до 2016/2017) и студенти што преминаа на истите за јунската (летна/втора) испитна сесија ќе се врши електронски, со користење на iKnow системот, стриктно во периодот од 15.5 до 19.5.2017 година, следејќи го Корисничкото упатство за студенти, дел 2.5.


  • Пријавување на испити од прв циклус на студии (за студенти запишани по стара наставна програма по ЕКТС запишани од учебната 2004/2005 до учебната 2011/2012) за јунската испитна сесија ќе се врши од 15.5 до 19.5.2017 година во сандачињата до службата за студентски прашања.

 

Пријавите треба да се уредно пополнети, при што задолжително се внесуваат податоците за студентот, цело име на предметот, предметниот наставник, испитен рок во кој се пријавува испитот, студиската програма (ЕАОИЕ, ЕЕС, ЕЕУМ, КСИАР, КТИ, КХИЕ, ТКИИ, ТК, ИКИ,...).

Студентите на новите студиски програми уредно пополнетите пријави, задолжително ги доставуваат до предметните наставници, на самиот испит/колоквиум. Уплатата за административна такса може да се реализира со уплатница (задолжително захефтана на пријавата) или со СМС порака преку мобилен телефон, при што студентот задолжително сам го внесува бројот СМС кодот во iKnow системот, односно ја валидира уплатата на соодветното место. Исто така, бројот од СМС кодот се впишува и во хартиената пријава на определеното место.

Студентите на старите студиски програми пријавувањето на испитите го вршат во определениот рок во сандачињата до Службата за студентски прашања и уплатата за административна такса задолжително е со уплатница која е захефтана на пријавата.

НАПОМЕНА: По овој рок студентите може да пријават испит во Службата за студентски прашања со надомест од 400,00 ден. најдоцна до два дена пред одржување на испитот.

 

Скопје, 8.5.2017 година

ОД СЛУЖБАТА ЗА СТУДЕНТСКИ ПРАШАЊА

СП ФЕИТ

copy_of_SPFEIT_Logo.jpg

Годишен распоред на испити

icon_cal5.png

Студентски правобранител
Студентски парламент за УКИМ
Веб:
http://spukm.org.mk
Адреса:
Ул. „М. Теодосие Гологанов“ бр. 28/13, 1000 Скопје

Контакт:
spukm.mk@gmail.com
02 / 3223 024
ЖИРО СМЕТКИ НА ФАКУЛТЕТОТ

Жиро сметки на ФЕИТ