WEB апликации

Објавено: октомври 23, 2019

1.    Наслов на наставниот предмет

WEB апликации

2.    Код

3ФЕИТ12Л001

3.    Студиска програма

КТИ, ТКИИ

4.    Организатор на студиската програма

Факултет за електротехника и информациски технологии

5.    Степен

Прв циклус студии

6.    Академска година/семестар

III/6

7.    Број на ЕКТС

6.00

8.    Наставник

Д-р  Горан Јакимовски, Д-р Марко Порјазоски

9.    Предуслов за запишување на предметот

Ислушани: Основи на WEB програмирање

10.    Цели на предметната програма (компетенции): Целта на предметот е студентите да се стекнат знаење за развој на апликации со помош на програмскиот јазик PHP.

11.    Содржина на програмата: Вовед во развој на web апликации со PHP. Архитектура на WEB апликација. Основни PHP вештини. Користење на PHP со MySQL. Користење на MVC шема за кореирање на PHP апликација. Работа со податоци од прашалници (forms). Пишување на контролни искази. Работа со стрингови и броеви. Работа со колачиња и сесии. Работа со библиотеки. Работа со PDO и mysqli. Креирање на сигурни WEB страни. Испраќање на е-mail и пристап до други web страни. WEB страни за eCommerce.

12.    Методи на учење: Интерактивни предавања и вежби, самостојни и групни проекти, домашни задачи, работилници и семинари.

13.    Вкупен расположив фонд на часови

2 + 2 + 1 + 0

14.    Распределба на расположивото време

180

15.    Форми на наставните активности

15.1. Предавања – теоретска настава

30

15.2. Вежби, семинари, тимска работа

45

16.    Други форми на активност

16.1. Проектни задачи

30

16.2. Самостојни задачи

30

16.3. Домашно учење

45

17.    Начини на оценување

17.1. Тестови

10

17.2. Семинарска работа/проект

30

17.3. Активност и учење

10

17.4. Завршен испит

50

18.    Критериуми за оценување

до 50 бодови

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бодови

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бодови

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бодови

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бодови

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бодови

10 (десет) (A)

19.    Услов за потпис и полагање на завршен испит

Редовно посетување на наставата и аудиториските вежби и комплетно изработени лабораториски вежби.

20.  Начин на полагање на испитот

 Два парцијални испити во текот на семестарот во времетраење од по 120 минути или еден писмен испит во соодветна испитна сесија во времетраење од 120 минути и изработка на практична проектна задача.
Во конечната оценка влагуваат поените од испитите, поените од проектната задача, поените од домашните задачи и поените од лабораториските вежби.
За време на испитот не е дозволено користење книги, скрипти, ракописи или белешки од кој било вид, како и калкулатор, мобилен телефон, таблет или кој било друг електронски уред

21.    Јазик на кој се изведува наставата

Македонски и Англиски

22.    Метод на следење на квалитетот на наставата

Интерна евалуација и анкети.

23.    Литература

23.1. Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Robin Nixon Learning PHP, MySQL & JavaScript: With jQuery, CSS & HTML5, 4 edition O’Reilly Media 2014

2

Joel Murach, Ray Harris PHP and MySQL Mike Murach & Associates 2010