Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ Студиски програми I циклус (додипломски) НОВИ СТУДИСКИ ПРОГРАМИ НА ФЕИТ

Студиски програми на прв циклус студии

Студиски програми на прв циклус студии се развиени согласно традицијата на ФЕИТ секогаш да биде во чекор со најновите трендови во светот на науката и техниката, имајќи ги предвид интересите на студентите, како и потребите на нашата заедница. Водени од поставените критериуми и цели на ФЕИТ за задржување на високи стандарди во образување квалитетни кадри, при концепирањето на овие седум студиски програми користено е нашето долгогодишно искуство во изведување на настава и нејзиното постојано унапредување преку континуирана соработка со стопанството.

Основни податоци за студиските програми

Траење на студиската програма

Четири години / осум семестри

ЕКТС кредити со кои се стекнува студентот

240 ЕКТС кредити

Структура на студиските програми

Бројот на задолжителни наставни предмети е ограничен на 60% од сите предмети, бројот на изборни наставни предмети предложени во студиската програма изнесува 30% и бројот на изборни наставни предмети од заедничката универзитетска листа изнесува 10%.

Едномесечна практична работа во индустријата е задолжителна во секоја учебна година.

Финансирање

Финансирањето на студиите се одвива според законските прописи за студирање на државен универзитет, статутот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, како и одлуките во конкурсот за упис.

Продолжување на образованието

По завршувањето на овие студии, студентите можат да го продолжат своето образование на втор циклус циклус студии – магистерски студии.

Повеќе информации за уписот на ФЕИТ и генерално за студиските програми можете да добиете на cns@feit.ukim.edu.mk.

OznakizanasokizabrosuraEAOIE1.jpg Електроенергетика, автоматизација и обновливи извори на енергија (ЕАОИЕ)

OznakizanasokizabrosuraEES1.jpg Електроенергетски системи (ЕЕС)

OznakizanasokizabrosuraEEUM1.jpg Електроенергетика, управување и менаџмент (ЕЕУМ)

OznakizanasokizabrosuraKSIAR1.jpg Компјутерско системско инженерство, автоматика и роботика (КСИАР)

OznakizanasokizabrosuraKTI1.jpg Компјутерски технологии и инженерство (КТИ)

OznakizanasokizabrosuraKHIE1.jpg Компјутерско хардверско инженерство и електроника (КХИЕ)

OznakizanasokizabrosuraTKII1.jpg Телекомуникации и информациско инженерство (ТКИИ)