Лични алати
Пријави се
Трага: Дома УПИСИ УПИСИ 2016 Често поставувани прашања за уписите

Често поставувани прашања за уписите

 

Прашање: Дали можам да се пријавам во првиот уписен рок со несоодветен екстерен или интерен предмет од матура?

Одговор: ДА. Со тоа што поените се пресметуваат согласно конкурсот, чија што методологија можете да ја најдете опишана на нашата веб страна (Упатство за пресметување на поените).

Прашање: Дали при уписот можеме да донесеме на увид оригинална диплома за завршено средно образование, а притоа да доставиме заверена копија од истата (оригиналот го земаме со нас)?

Одговор: НЕ. При уписот на Факултет неопходно е да се приложат ОРИГИНАЛИ од СИТЕ документи. Тоа значи дека во досието остануваат оригиналите. Доколку Ви е потребен кој било документ за приложување на друго место, најдобро е за Вас да направите заверени копии. Истото важи и за дипломите од натпереварите и за СИТЕ други документи.


Прашање: Дали квантитетот на освоените награди од натпревари е важен при уписот и при апликацијата за стипендии, или не ?

Одговор:При уписот на Факултетот освоените награди не влегуваат во сумата на бодови по кои се рангираат пријавените кандидати. А при апликацијата за стипендии, квантитетот на наградите не е од големо значење, туку „квалитетот“, односно дали се работи за државен или меѓународен натпревар, и секако освоеното место на натпреварот.

Прашање: Дали ФЕИТ доделува стипендии за студирање?

Одговор: ФЕИТ континуирано, секоја година доделува стипендии за сите новозапишани студенти кои имаат освоено прва награда на државни или прва, втора или трета награда на меѓународни натпревари по математика, физика, информатика и електротехника.

Прашање: Каде да го најдам интерниот пријавен лист за запишување на ФЕИТ?

Одговор: Интерниот пријавен лист се печати преку соодветниот линк од порталот за електронско пријавување на УКИМ (www.upisi.ukim.mk).

Стипендија

Avatar Posted by Андреј at 15:35 28.03.2016.
Која е постапката за добивање стипендија и дали истата важи за меѓународниот натпревар по математика Кенгур?

одговор

Avatar Posted by Конкурсна комисија at 15:35 28.03.2016.
Универзитетот и Факултетот секоја година доделуваат стипендии согласно Одлуката http://feit.ukim.edu.mk/upisi/upisi-2016/stipiendii
Меѓународниот натпревар по математика Кенгур не припаѓа на листата натпревари кои овоможуваат сткнување стипендија.

екстерно

Avatar Posted by marija at 15:35 28.03.2016.
Дали оценките од екстерно влегуваат во бодувањето ?

Одговор

Avatar Posted by Конкурсна комисија at 15:35 28.03.2016.
Оценките од екстерното оценување влегуваат во вкупниот постигнат успех на кандидатот од стредно училиште.

стипендии за студенти од социјално загорозени семејства

Avatar Posted by Милош at 15:35 28.03.2016.
Дали ФЕИТ нуди можнозт за помагање/кофинансисрање на студенти од социјално загрозени семејства?

одговор

Avatar Posted by Продекан за настава at 15:35 28.03.2016.
Универзитетот и Факултетот доделуват одреден број на стипендии согласно одлуката http://feit.ukim.edu.mk/upisi/upisi-2016/stipiendii
На студентите од социјално загрозени семејства ФЕИТ овозможува партиципацијата за школување да ја плаќаат на повеќе рати.

Факултет

Avatar Posted by Ирена at 15:35 28.03.2016.
Кои документи се потребни за запишување на веќе примените кандидати?

Коментар

Додади коментар.

(неопходно)
Внесете го вашето име
(неопходно)
(неопходно)