Лични алати
Пријави се
Трага: Дома УПИСИ Уписи 2017 Конкурс и квоти 2017

Конкурс и квоти 2017

Конкурс и квоти за запишување студенти на прв циклус студии на Факултетот за електротехника и информациски технологии во учебната 2017/2018 година

 

Во согласност со Конкурсот за запишување на студенти на додипломски студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на Факултетот за електротехника и информациски технологии, на 17 и 18 август 2017 година ќе се врши пријавувањето во првиот уписен рок.

Кандидатите ќе можат да се пријавуваат во библиотеката на факултетот во термини од 8:30 до 14:30 часот.

На Факултетот за електротехника и информациски технологии, во учебната 2017/2018 година во првиот уписен рок во редовни студии ќе можат да се запишат студенти во следните студиски програми со соодветни квоти:

Студиска програма (8 семестри)

Државна квота

Цена (еур)

Квота кофинан.

Цена (еур)

Вкупно

Електроенергетика, автоматизација и обновливи извори на енергија (ЕАОИЕ)

80

200

30

400

110

Електроенергетски системи (ЕЕС)

60

200

30

400

90

Електроенергетика, управување и менаџмент (ЕЕУМ)

60

200

30

400

90

Компјутерски системско инженерство, автоматика и роботика (КСИАР)

60

200

30

400

90

Компјутерски технологии и инженерство (КТИ)

60

200

30

400

90

Компјутеско хардверско инженерство и електроника (КХИЕ)

60

200

30

400

90

Телекомуникации и информациско инженерство (ТКИИ)

60

200

30

400

90

ВКУПНО студенти

440

210

650