Лични алати
Пријави се
Трага: Дома УПИСИ Уписи 2018 Стипендии

Стипендии

Стипендии за идните студенти


Идните студенти што ќе се запишат во прва година на ФЕИТ имаат можност да добијат стипендии.

  1. Трите електроенергетски компании АД МЕПСО, АД ЕЛЕМ и ЕВН Македонија ќе доделат по 5 стипендии на студентите од прва година на електроенергетските насоки по завршувањето на првиот семестар. Висината на стипендијата изнесува 100 евра месечно, во период од 10 месеци како и продолжување на стипендијата до крајот на студирањето доколку задржат просечна оценка над 8.0.
  2. УКИМ ќе додели стипендии на 10 кандидати на конечните ранг-листи на примени кандидати со завршена државна матура, во категоријата редовни студенти, во првиот уписен рок во академската 2018/2019 година. Стипендијата ја покрива школарината за студирање за академската 2018/2019 година.
  3. ФЕИТ ќе додели стипендии во висина на школарината од 200 евра на сите запишани студенти во прва година, кои што во текот на своето средно образование освоиле:
    • Прво место/награда на акредитирани државни натпревари или на државната смотра на Народна техника по некои од следниве предмети: математика, физика, информатика, електротехника, автоматика или од други области што се негуваат на Факултетот;
    • Прва, втора или трета награда на меѓународни олимпијади на знаења, балкански или светски првенства по некои од следниве предмети: математика, физика и информатика.
  4. ИНСТИТУТОТ ЗА ЕЛЕКТРОНИКА ќе додели пет стипендии во прва година во висина на школарината од 200 евра на студентите пријавени за упис на програмата КХИЕ кои се највисоко рангирани при уписот.
  5. МАКО СИГРЕ ќе додели една годишна стипендија во висина на школарината од 200 евра за најдобриот средношколец што ќе се запише на електроенергетските насоки и не добил стипендија по друга основа.