Промовирана 56-тата генерација инженери и магистри

Објавено: јуни 25, 2019

Факултетот за електротехника и информациски технологии, вчеравечер, на свечена церемонија ја промовираше 56-та генерација студенти кои дипломираa на нашиот факултет. Во Македонската филхармонија беа промовирани околу 260 нови инженери, од кои 198 дипломирани инженери и 58 магистри. Деканот на ФЕИТ, професор д-р Димитар Ташковски, испраќајќи ги најуспешните инженери, порача дека тие “во изминатите неколку години...

ФЕИТ одржа свечен наставно-научен совет

Објавено: јуни 21, 2019

20.06.2019, Скопје – Факултетот за електротехника и информациски технологии, денеска, одржа Наставно-научен совет на кој присуствуваа сите членови на Советот, но и министерот за образование и наука, Арбер Адеми, вицепремиерот и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, професор д-р Никола Јанкуловски и претставници на компании со кои соработува...

Техничките факултети – причина за национална гордост

Објавено: јуни 21, 2019

20.06.2019, Скопје – Трите технички факултети Машинскиот факултет, Технолошко-металуршкиот факултет и Факултетот за електротехника и информациски технологии, вчеравечер, на свечена академија одбележаа 60 години постоење. Трите факултети прославија шест деценици под мотото „Создаваме иднина“. На академијата, која се одржа во Македонската Филхармонија, говореа претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, ректорот на УКИМ,...

BalkanCom 2019

Објавено: јуни 18, 2019

Од 10 до 12 јуни 2019 год. во Скопје се одржа третата конференција по телекомуникации „BalkanCom 2019”. Овогодинешната конференцијата беше фокусирана на идните мобилни технологии, под мотото „5G and beyond” и беа сублимирани актуелните прашања и истражувања во областа на информациско-комуникациските технологии. Конференцијата ја отвори министерот за информатичко општество и администрација, г-дин Дамјан Манчевски и...

Тим од ФЕИТ победи и на балкански инженерски натпревар

Последна измена: јули 1, 2019

20.05.2019, Скопје – Тимот Space Divers, составен од студентите на Факултетот за електротехника и информациски технологии Александра Мирческа, Марија Алексовска, Тијана Спировска и Бојан Страчковски победи во категоријата Case Study на инженерскиот натпревар EBEC (European Best Engineering Competition). Case Study e интензивна анализа која дава конкретно решение на некој технолошки или менаџерски проблем. Со ова, тимот на...

Тестирање на 5G технологија – партнерство на Македонски Телеком и ФЕИТ

Последна измена: мај 18, 2019

Денес, во Скопје, по повод 17 мај – Светскиот ден на телекомуникациите, Македонски Телеком и ФЕИТ објавија партнерство за тестирање на 5G технологија. Според деканот на ФЕИТ, професор д-р Димитар Ташковски, оваа соработка е потврда на досегашните залагања на Факултетот за континуирана соработка со стопанството, што ќе овозможи студентите да реализираат пракса и да работат...

Студентите од ФЕИТ повторно добиваат меѓународно признание

Објавено: мај 10, 2019

10.05.2019, Скопје – Проектот „Концепт за напреден систем за домување на возрасни лица“ на студентите Катерина Билбилоска, Милан Јанковски, Матеј Пунтевски и Константин Кузмановски од Факултетот за електротехника и информациски технологии освои награда најдобар проект во категоријата симулација на Меѓународната културна и академска средба на студентите по технички науки (International Cultural and Academic Meeting of...