Отворен ден на УКИМ

Датум на настан: 01.12.2023

Драги матуранти, наши идни студенти! ОТВОРЕН ДЕН на Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј” во Скопје, на 1 декември 2023 во периодот од 10-12 часот и 12-14 часот, со физичко присуство на секој од факултетите Ќе бидат презентирани студиските програми на факултетите, активностите на студентите, центрите за кариера. Запознајте ги одблиску професорите и студентите, прашајте сè што...

EvolEV: Нов проект на ФЕИТ за подобрување на технички и претприемачки вештини поврзани со електрификација на транспортот

Објавено: ноември 17, 2023

Краток опис Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) е дел од проектот EvolvEV. Проектот треба да започне на 1 декември 2023 година и во текот на следните две години ќе го поддржи развојот на техничките и претприемачките вештини потребни за еволуцијата на секторот на електрични возила, преку обезбедување бесплатни и флексибилни курсеви, поддржани со...

Доц. д-р Владимир Ѓоргиевски најдобар научник во подрачјето на техничко-технолошки науки за 2022

Објавено: ноември 10, 2023

По повод 10. ноември, прогласен за Светски ден на науката за мир и развој од Обединетите нации, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ), ги додели наградите за најдобри научници и уметник на УКИМ за 2022 година. Особено сме горди што годинашната награда за најдобар научник во подрајчето техничко-технолошки науки му припадна на доц....

Infineon WinterSchool 2024

Објавено: ноември 7, 2023

Are you looking to be at the forefront of the latest technologies that will drive decarbonization and digitalization? Look no further than quantum computing. With the potential to drastically reduce energy consumption by shortening the time spent finding solutions to some of the most challenging mathematical problems, quantum computing is a game-changer for the future...

Почеток на обука за Дигитален Маркетинг

Објавено: ноември 1, 2023

Во понеделник, 6.11.2023 започнува со обука нова група слушатели за обуката Дигитален Маркетинг во организција на Центарот за Доживотно Учење при ФЕИТ и ЕЦДЛ Македонија. Останати се уште неколку места, пријавување на e-mail:cdu@feit.ukim.edu.mk...

Сребрен медал на Image Matching Challenge 2023

Објавено: октомври 27, 2023

Тимот 3DIPTeam составен од студентите Јован Камчев, Симона Тошеска, Ивона Мирческа и Тиана Пауноска освои сребрен медал на овогодинешниот Image Matching Challenge организиран од Goggle Research (48мо место од вкупно 494 тимови на Kaggle платформата). Во време кога секој мобилен телефон содржи вградена камера со висок квалитет, мобилните телефони се главен извор на фотографии кои...

Заврши Летната школа за мултимедиски технологии 2023 – Диоген 2.0

Последна измена: октомври 31, 2023

Заврши Летната школа за мултимедиски технологии, оваа година насловена „Диоген 2.0 – Детекција на луѓе во затворен простор“. Школата организирана од Институтот за електроника се одржа во периодот од 25.09.2023 до 30.09.2023. Во натпреварот учествуваа 16 студенти на додипломски и постсипломски студии, групирани во 6 екипи од по 2 или 3 члена. Во рамките на...

Откриена спомен плоча за значајно дело на македонската наука – IEEE Milestone

Објавено: октомври 10, 2023

Македонија – прва во управување робот со сигнали од мозокот На Факултетот за електротехника и информациски технологии, денеска, беше откриена спомен плоча за значаен придонес на македонската во светската наука – Прво управување на робот со помош на сигнали од мозокот. На отворање на спомен плочата присуствуваа Претседателот на државата, Стево Пендаровски, Ректорот на УКИМ...

Формула Студент

Објавено: октомври 6, 2023

Пријави се на напреварот  Формула Студент Со задоволство ги покануваме студентите да се придужат на тимот на MES Racing (Macedonian Engineering Students), кој за прв пат ќе се натпреватува на една од познатите локации на интернационалниот натпревар Формула Студент. Целта на натпреварот е да се изработи автомобил, со кој студентите ги градат своите вештини и...

Девојките од ФЕИТ вицешампиони на Скопски маратон 2023

Објавено: октомври 3, 2023

На први октомври 2023 година се одржа 19тиот Скопски маратон. ФЕИТ како и секоја година зема учество со свои претставници. Огромен е успехот и оваа година на женската штафетна екипа (Маре Србиновска, Александра Златкова, Тања Бабунска и Сара Алексоска) која го освои второто место (сребрен медал), додека машкиот штафетен тим (Виктор Сапунџиовски, Ѓорѓи Сиракоски, Валентин...

Одржан првиот академски час на ФЕИТ во учебната 2023/2024 година

Објавено: октомври 2, 2023

„Студентите претставуваат еден од најважните сегменти на едно општество. Тоа вам ви дава огромна моќ, но истовремено ви носи и голема општествена одговорност и обврска да учествувате во создавање на социјалната структура, функционирањето и правилата на општествените текови. Обидете се овој статус да го искористите во позитивна насока и позитивно да влијаете на себе и...

Летна школа за мултимедиски технологии

Последна измена: септември 15, 2023

Драги студенти, со големо задоволство Ви ја најавуваме Летната школа по мултимедиски технологии ,,Диоген 2.0″ која ќе се одржи од 25.09.2023 – 30.09.2023. Летната школа на тема „Диоген 2.0 – Детекција на луѓе во затворен простор“ со натпреварувачки карактер опфаќа предавања и практична рбота од областите на дигитална обработка на слика и звук, анализа на...

Интер-регионален Форум за иновации 2023

Објавено: септември 9, 2023

Во просториите на ИНОФЕИТ при ФЕИТ ќе се одржи настанот – конференција Интер-регионален Форум за иновации 2023 во организација на Факулетот за електротехника и информациски технологии, УКИМ, Универзитетот Анхалт, Германија, како и Здружението ЕТАИ на Македонија, во рамките на проектот IDEA-EAST финансиран од DAAD, Германија. Основната тема на настанот е Renewable energies and Industrial IOT, но и IoT...

Објавен е повикот за 11-то издание на СКЕЕОР

Објавено: септември 7, 2023

Здружението за истражување и промоција на енергетска ефикасност и одржлив развој СКЕЕОР – Скопје, со задоволство Ве информира дека објавен Повикот за пријавување на 11-тото издание на СКЕЕОР и Ве поканува да го одбележиме почетокот на втората деценија од успешното и активно дејствување. Во текот на изминатите години, СКЕЕОР прерасна во препознатлива студентска конференција со...

Подготвителна настава од Математика, Физика и Програмирање

Објавено: септември 6, 2023

Почитувани идни студенти на ФЕИТ, Факултетот за електротехника и информациски технологии и годинава организира подготвителни курсеви по предметите математика, физика и основи на програмирање (Code@FEIT). Курсевите ќе се реализираат во 20 школски часа по секој  предмет,  во периодот од 14. до 29. септември 2023 година (математика и физика: 14.-22., Code@FEIT-25.-29.). На подготвителните курсеви ќе се...

Златна диплома 2023 година

Објавено: септември 4, 2023

Традицијата продолжува, на свечена седница на Наставно-научниот совет ќе бидат доделени Златни дипломи по повод 50 години од дипломирањето на  инженерите по електротехника од Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје. Оваа година Златна диплома добиваат инженерите дипломирани  1973 година. Ги покануваме инженерите кои диломирале 1973 година да го контактираат Организацискиот одбор на тел....

INITIATE: Поддржување на европско истражување и иновации преку соработка и институционална реформа

Последна измена: септември 6, 2023

Факултетот за електротехника и информациски технологии е партнер во новиот проект INITIATE. Координатор на проектот е Факултетот за машинство и бродоградба од Универзитетот во Загреб. Проектот со буџет од €4.5M е финансиран од програмата за истражување и иновации на Европската комисија Horizon Europe, во рамки на повикот HORIZON-WIDERA-2023-ACCESS-03-01: European Excellence Initiative. За проектот Целта на...

ФЕИТ успешно ја реализира 30-тата меѓународна конференција IWSSIP 2023

Објавено: јули 24, 2023

Во периодот од 27-ми до 29-ти јуни 2023 година во античкиот град Охрид, успешно се реализира 30-тата јубилејна меѓународната конференција за системи, сигнали и обработка на слики (International Conference on Systems, Signals and Image Processing – IWSSIP) 2023. Конференциојата беше организирана од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) и технички ко-спонзорирана од ИЕЕЕ и...

Тим од ФЕИТ учествуваше на Летна школа за вселенски технологии во Солун

Последна измена: јули 11, 2023

Во периодот од 3 до 7 јули 2023 година на Универзитетот „Аристотел“ во Солун се одржа Летната школа „Space Technology 4All“ во рамките на меѓународен Еразмус проект „SpaceEdu“. На летната школа учествуваа тимови од предавачи и студенти од меѓународните партнери на овој проект: Универзитетот „Аристотел“ во Солун, Универзитетот во Неапол „Федерико II“, Националниот истражувачки институт...

Конкурс за запишување студенти на прв циклус студии на УКИМ во Скопје во учебната 2023/2024 година

Објавено: јули 4, 2023

К О Н К У Р С  за запишување студенти на прв циклус студии  на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2023/2024 година...

Пофалници за најдобрите студенти на ФЕИТ

Последна измена: јуни 22, 2023

Свечено доделени пофалници за студентите со просечен успех од 9 и над 9 во академската 2021/2022 и студентите победници на натпревари во земјата и странство. Групна Беа доделени вкупно 57 пофалници: со завршена 1 година и освоени најмалку 60 кредити се наградени 28 студенти, со завршена 2 година и освоени најмалку 120 кредити се наградени...

ФЕИТ ги промовираше новите инженери и магистри

Објавено: јуни 20, 2023

Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) ја промовираше новата генерација дипломирани инженери по електротехника и информациски технологии и новите магистри. Свечено во големата сала на Филхармонијата  дипломите им беа врачени на 146 нови инженери и 44 магистри кои студиите ги завршија на ФЕИТ. Во оваа нова генерација дипломци, дури 77 или 53% се девојки,...