Ден за кариерен развој

Објавено: мај 12, 2023

На 11 мај 2023 година, од 12:00 до 16:00 часот на просторот кај ФЕИТ и МФС на Универзитетот,, Св. Кирил и Методиј” во Скопје се одржа “Ден за кариерен развој”. Настанот беше во организација на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” и Центарот за кариера на УКИМ, со подржка од Центрите за кариера на Архитектонски Факултет,...

Освоена главната награда од студентите на ФЕИТ на натпреварот ICAMES во Турција

Објавено: мај 11, 2023

Во периодот од 2.5 до 8.5.2023 се одржа 27-то издание на ICAMES (International Cultural and Academic Meeting of Engineering Students) Меѓународната културна и академска средба на студентите по технички науки, организирано од Друштвото на инженери од Универзитетот Боазиџи во Истанбул, Турција. Овој настан претставува натпревар на инженерски проекти во кој се претставуваат проекти од сите...

Тимот од ФЕИТ направи прототип на паметни очила кои преку сензори ги детектираат емоциите и расположението

Објавено: мај 9, 2023

Паметните очила OCOsense со помош на Вештачка Интелигенција детектираат фацијални експресии, емоции и расположение за корисникот кои што ги носи. Иноватинвните сензори, кои што се вградени во самите очила, го следат движењето на кожата во 3 димензии, и на тој начин овозможуваат препознавање на фацијални експресии, гримаси и слично. Овој иновативен продукт се развива од...

Курс за асистивни технологии одржани во ИНОФЕИТ

Објавено: мај 4, 2023

Серија на предавања на тема асистивни технологии беа одржани во ИНОФЕИТ од страна на низа на реномирани експерти од оваа област од Европа и од Македонија. Разговорите се одржаа во рамките на активностите на COST акцијата „Унапредување на социјалната инклузија преку технологија и зајакнување“ a-STEP) и ФЕИТ ФабЛаб. a-STEP е интердисциплинарна, меѓусекторска, паневропска и поширока...

Отворен ден на ФЕИТ

Датум на настан: 06.05.2023

  Факултетот за електротехника и информациски технологии ги поканува сите средношколци и моментални студенти на Coffee@FEIT 3.0, на 6 мај, во дворот на техничкиот кампус!   Дружба со студенти и наставен кадар и запознавање со студиските програми на Факултетот  Музика  Кафе и храна   Board games ft. Goblin Games   Игри   EscapeLab тимски натпревар...

Работилницата „Ефикасност, одржливост, инженерство и уметност“

Објавено: април 26, 2023

На ден 25.04.2023 во просториите на ИНОФЕИТ се одржа работилницата „Ефикасност, одржливост, инженерство и уметност“, во организација на СКЕЕОР, а поддржано од ФЕИТ и      доц. д-р Маја Целеска Крстевска. Целта на настанот беше да се влијае кон подигнување на свесноста за значајноста на енергетската ефикасност кај нестручната јавност. Студентите кои учествуваа на работилницата,...

Тимот студенти на ФЕИТ првопласиран за светското финале на IEEE SPS Cup 2023

Објавено: април 18, 2023

Тимот „Neuro FEEIT” составен од студенти на ФЕИТ e првопласиран на светското финале на студентскиот куп за процесирање на сигнали IEEE SPS Cup 2023. Натпреварот е организиран од одделот за процесирање на сигнали IEEE SPS и Центарот за истражувања во невровизуелизација и наука за податоци (TReNDS) при Институтот за технологија на Џорџија, САД. Задачата оваа...

Отворен ден на УКИМ

Датум на настан: 27.04.2023

Драги матуранти, наши идни студенти! ОТВОРЕН ДЕН на Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј” во Скопје, на 27 април 2023 во два термина, во 10:00 часот и во  12:00 часот, со физичко присуство на секој од факултетите! Ќе бидат презентирани студиските програми на факултетите, активностите на студентите, центрите за кариера. Запознајте ги одблиску професорите и студентите, прашајте...

Покана за учество на натпревар на идеи (Invitation to the Idea Contest 2023) – можност за студиски престој во Германија

Објавено: април 13, 2023

Во рамките на проектот IDEA-East Hub финансиран преку DAAD, Германија во кој учествува и ФЕИТ, Ве известуваме за можноста да учествувате во натпревар на идеи IDEA-East Hub – Idea Contest 2023 кој ќе се одвива на годишно ниво во текот на траењето на проектот до 2024 година. Првиот натпревар ќе се одржи оваа пролет –...

RoboMac 2023 – натпревар по роботика и вештачка интелигенција во Македонија

Датум на настан: 08.05.2023

„Факултетот за електротехника и информациски технологии ги повикува сите студенти, ентузијасти и љубители на роботиката да се пријават на меѓународниот натпревар по роботика и вештачка интелигенција „RoboMac 2023”, кој ќе се одржи по единаесетти пат во периодот од 8-ми до 13-ти мај. Учесниците на натпреварот ќе имаат можност да работат во тимови, да ги употребат...

Одржана третата работилница на ИНОФЕИТ ДИХ

Објавено: март 31, 2023

Во рамките на своите редовни активности, ИНОФЕИТ ДИХ ја одржа својата трета работилница на 30.03.2023 за партнерите од својата мрежа. Работилницата беше фокусирана на презентација на четирите прототипови кои се развиваа од експерти на ИНОФЕИТ ДИХ во изминативе девет месеци, а поддржани преку ко-финансираниот проект за подигнување на капацитетот на ИНОФЕИТ ДИХ од страна на...

ФЕИТ отвори Фаб Лаб – нов простор каде студентите ќе работат на реални проекти

Објавено: март 30, 2023

Стартува со работа лабораторијата за производство „ФЕИТ ФабЛаб“ при Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ). Новиот простор што треба да им овозможи на студентите работа на реални проекти ползувајќи ги можностите на дигитализацијата во производните процеси, е отворен и за приватниот сектор, како и за млади  креативци и иноватори кои тука ќе имаат можност...

Одржан курс „Валенс: Машинско учење и наука за податоци за средни училишта”

Објавено: март 29, 2023

Како завршна активност од Еразмус+ проектот Валенс на ФЕИТ во периодот 20 – 22. март 2023 г. беше одржан 3-дневен курс на тема „Машинско учење и наука за податоци за средни училишта”. Курсот беше одржан во рамки на активностите на Лабораторија за производство ФЕИТ ФабЛаб, а на него присуствуваа 56 средношколци од средните училишта „Илинден”, „Раде...

IoT SOLTRACK: ФЕИТ започнува со прекугранична размена на технологии во рамки на SMART4ALL

Објавено: март 24, 2023

Од 1.4.2023 година, Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, заедно со Центарот за иновации во Ниш, Србија и компанијата Алфаклима од Србија започнуваат со работа на проектот „IоT SOLTRACK: Примена на Интернет на нешта во соларен тракер на мобилен фотоволтаичен генератор“. Проектот IoT SOLTRACK е финансиран...

Изработка на идеен проект за соларен полнач и паркинг за велосипеди

Објавено: март 23, 2023

ОТВОРЕН КОНКУРС ОКТА АД – Скопје во соработка со Центарот за кариера при Универзитетот „ Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, објавуваат конкурс за изработка на идеен проект за фотоволтаичен паркинг за велосипеди и електрични тротинети, кој ќе предвидува систем за полнење на електронски уреди, како и дел за одмор и релаксација. Избраниот проект ќе...

Студенти на ФЕИТ победници на натпревар по федеративно учење

Објавено: март 22, 2023

Борјан Саздов, Стефан Крстески, Матеа Ташковска и Борче Јовановски студенти на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје заедно со Јунош Лукан, истражувач во Институт Јозеф Стефан, Љубљана, победија на предизвикот за машинско учење за предвидување на реадмисија во болница со користење на федеративно учење. Предизвикот беше...

Одржан курс за „Слободен софтвер, слободно знаење и слободно создавање”

Објавено: март 22, 2023

За промоција на инженерството во електротехниката и информациските технологии кои ги негува ФЕИТ, УКИМ во периодот 13 – 17. март 2023 г. беше одржан 3-дневен курс на тема „Слободен софтвер, слободно знаење и слободно создавање”. Курсот беше одржан во рамки на активностите на Лабораторија за производство ФЕИТ ФабЛаб, а на него присуствуваа 33 средношколци од...

Интервју со Димитар Ташковски, декан на ФЕИТ за Независен.мк: Мора да го запреме извозот на човечки капитал

Последна измена: март 20, 2023

Независен.мк Моќта на високоразвиените земји лежи во развојот на технолошкиот сектор, а не на купи-продај економија без иновации, вели професорот Ташковски Најголемиот предизвик за секоја држава е како да ја најде вистинската формула за долготраен и одржлив економски раст. Дури и оние земји кои имале среќа на нивната територија да имаат во изобилство некој природен...

Обука за сајбер безбедност

Објавено: март 7, 2023

Сертификати: ECDL и ФЕИТ Предавачи: наставно-научен и стручен кадар од ФЕИТ Цена: 11.000 денари на две рати. Пријавување на е-mail: cdu@feit.ukim.edu.mk Обуката за сајбер безбедност организирана од Центарот за доживотно учење при ФЕИТ во соработка со ECDL Македонија им овозможува на слушателите стекнување на вештини кои се однесуваат на безбедното користење на ИКТ во секојдневните работни...

INNO-SAE Денови за вмрежување

Објавено: февруари 13, 2023

На 17.02.2023 во амфитеатарот 40 на Факултетот за земјоделски науки и храна (ФЗНХ) и на 21.02.2023 во ИНОФЕИТ ќе се одржат денови за вмрежување од студентската програма Innovations in Smart Anything Everywhere (INNO-SAE) 2022/2023. Програмата е интегрален дел од активностите на новоформираниот ФЕИТ ФабЛаб, а е во ко-организација со Центарот за трансфер на технологии и...

Билтен бр.3 од проектот WideHealth

Објавено: февруари 8, 2023

Европскиот проект WideHealth, координиран од ФЕИТ/УКИМ, го објави својот трет билтен. Во овој билтен проектот ја најавува следната зимска школа за доверлива вештачка интелигенција што ќе се одржи во Потсдам од 14ти до 17ти март 2023 г. Билтенот исто така споделува информации за неодамнешните настани (ко)организирани од проектот. Дополнително, билтенот споделува информации и за лансирањето...