Продолжување на рокот за стипендии од електроенергетските компании ЕСМ, ЕВН, МЕПСО

Последна измена: август 23, 2019

АД ЕСМ, ЕВН МАКЕДОНИЈА АД И АД МЕПСО РАСПИШУВААТ КОНКУРС ЗА СТУДЕНТИТЕ ОД ЕЛЕКТРОЕНЕРГЕТСКИТЕ СТУДИСКИ ПРОГРАМИ ЗАПИШАНИ ПО ПРВПАТ ВО УЧЕБНАТА 2018/2019 ГОДИНА

Услови за аплицирање на конкурсот за стипендија се:

  1. Студентите да се редовно запишани на прв циклус студии по првпат во прва студиска година во учебната 2018/2019 година на една од следните студиски програми: Електроенергетика, автоматизација и обновливи извори на енергија (ЕАОИЕ), Електроенергетски системи (ЕЕС) и Електроенергетика, управување и менаџмент (ЕЕУМ).
  2. Студентот кој аплицира за стипендија да не е корисник на стипендија или кредит од други установи, институции или компании.
  3. Просекот на студентот на крајот од првиот семестар од студирањето да е 8.00 или повисок од 8.00 (до датумот на аплицирање).

4.Студентот да е државјанин на РСМ.

Студентите до службата за студентски прашања потребно е да достават:

  1. Потврда за редовно запишан студент во прва студиска година и уверение за реализиран просек и реализирани кредити. (до датумот на аплицирање).
  2. Изјава дека не е корисник на стипендија или кредит од други установи, институции или компании.
  3. Соодветно потполнета апликација, мотивациско писмо, копија од диплома за завршено средно образование, копии од дипломи за посета на курсеви, потврда за работен однос и плата на солидарниот гарант.

Стипендијата е во висина од 6.000 денари месечно и важи за една студиска година (10 месеци) со можност за продолжување или прекинување во зависност од исполнување на обврските пропишани во Договорот за стипендирање. Студентот е потребно студиската година да ја заврши во рок и со просек не помал од 8.00. Во спротивно, стипендистот го губи правото на стипендија.

Рокот за поднесување документи е до 6.9.2019 година.