Имплементација на европскиот единствен број за итни повици 112 во Р. С. Македонија

Датум на настан: 19.04.2022

Здружението ЕТАИ, во соработка со Центарот за управување со кризи на Р.С. Македонија како носител на проектот, и Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), при УКИМ, Скопје, организира полудневен настан (работилница и панел дискусија) во врска со имплементацијата и воведувањето на единствениот европски број за итни повици 112 во Р. С. Македонија. Целта на...

Покана за Виртуелен саем за практикантство

Објавено: април 14, 2022

Виртуелниот саем за практикантство кој ќе се одржи од 16-ти до 18-ти мај има за цел да ги поврзе студентите и дипломците со компаниите за пракса. Линк за пријавување и повеќе информации: https://vfair.bintern.com...

Стипендии МАКО СИГРЕ

Објавено: април 8, 2022

MAKO СИГРЕ водејќи се од премисата дека секогаш се подобри генерациите кои доаѓаат, веќе 10 години ги поддржува студентите кои студираат на електроенергетските насоки на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје (ФЕИТ). Почнувајќи од академската 2021/2022 година МАКО СИГРЕ започнува со стипендирање на студентите од втора студиска година (4-ти семестар) на студиските програми...

С О О П Ш Т Е Н И Е – Електронски упис на семестар за студентите од II циклус студии запишани во вториот уписен рок 2021/2022

Објавено: март 7, 2022

Во периодот од 7.2. до 10.2.2022 година сите студенти запишани на втор циклус студии во вториот уписен рок  2021/2022 година треба да извршат електронско запишување на семестарот во iKnow системот (упатството за студенти). При запишување на семестарот студентот ги запишува предметите што ќе ги слуша во овој прв (летен семестар) во учебната 2021/2022 година. Студентите кои во дадениот...

Уписи – Втор циклус студии – втор уписен рок 2021/2022

Последна измена: февруари 22, 2022

К О Н К У Р С за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2021/2022 година. Слободни места за запишување студенти на втор циклус студии во вториот уписен рок во учебната 2021/2022 I. Пријавувањето на кандидатите за упис на Факултетот за електротехника...

Соопштение за неактивирани предмети

Објавено: февруари 18, 2022

Студентите што имаат избрано/запишано изборен предмет во летниот семестар во учебната 2021/2022 година што не се активирал и не фигурира во објавениот распоред на часовите, ќе можат да го заменат со активиран предмет, односно со изборен предмет што го има во распоредот на часовите. Студентите ќе можат да ја извршат промената на неактивираниот со активиран...

Повик за практиканти во Infineon Technologies Austria

Објавено: февруари 9, 2022

Компанијата Infineon Technologies нуди можност на студентите на ФЕИТ да се стекнат со професионални практични вештини преку платена пракса во развојниот центар во Филах (Villach), Австрија. Идеални кандидати се студенти во завршните години на додипломски студии (трета или четврта година – прв циклус) или студенти на магистерски студии (втор циклус). Времетраење на праксата: 6 месеци...

Соопштение за организирање на дополнителна ден сесија

Објавено: февруари 2, 2022

Согласно академскиот календар за учебната 2021/2022 година, дополнителната ден сесија за предметите од летниот/парен семестар ќе се одржи во среда, 9.2.2022 година. Студентите може да пријават само еден предмет што го слушале во летниот семестар во учебната 2020/2021 година и за кој ги реализирале сите академски обврски (потпис и заверен семестар). Пријавувањето на испитот за дополнителната...

СООПШТЕНИЕ за заверка на зимски семeстар 2021/2022 и упис на летен семестар 2021/2022

Објавено: јануари 28, 2022

Заверката на зимскиот семестар, како и запишувањето на летниот семестар во учебната 2021/2022 година за студентите запишани на прв циклус студии на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скоп­­­је, ќе ги содржи следниве чекори: Електронско пријавување од 2.2 до 15.2.2022 година Во системот iKnow www.iknow.ukim.edu.mk секој студент треба да го запише летниот семетар 2021/2022...

Зимска Школа на ФЕИТ: “e-Health & Pervasive Technologies with Machine Learning

Датум на настан: 14.02.2022

Во рамките на Европскиот проект WideHealth – кој што го координира ФЕИТ/УКИМ, ќе се организира тематска Зимска Школа „WideHealth Winter School on e-Health & Pervasive Technologies“ . Како дел од Школата ќе биде и натпревар во Машинско Учење: “Препознавање на Човечки Активности од Сензорски Податоци”. Школата ќе се организира на ФЕИТ хибридно – со физичко...

С О О П ШТЕНИЕ – Пријавување испити – втор циклус студии

Објавено: јануари 12, 2022

Пријавувањето испити од втор циклус студии за студентите запишани на НОВИТЕ студиски програми (генерации 2013-2020) за јануарска  испитна сесија ќе се врши електронски, со користење на iKnow системот, во период од            12.1 до 18.1.2022 година, следејќи го Корисничкото упатство за студенти, дел 2.5. За сите пријавени испити, студентите задолжително треба да достават и уредно...

С О О П Ш Т Е Н И Е – Пријавување испити – прв циклус студии

Последна измена: мај 13, 2022

Пријавување испити на прв циклус студии во јануарската испитна сесија ќе се врши електронски, преку системот iKnow, во периодот од 3.1. до 18.1.2022 година, следејќи го Корисничкото упатство за студенти, точка 2.5. Студентите што ќе извршат уредно електронско пријавување на испитот во iKnow системот, задолжително треба да достават и комплетно пополнета хартиена пријава. Во пријавата...

Докторски студии – втор рок за пријавување и запишување на кандидатите во академската 2021/2022 година

Објавено: декември 15, 2021

Во тек е пријавувањето на кандидатите во вториот уписен рок на трет циклус студии во академската 2021/2022 година. http://www.ukim.edu.mk/mk_content.php?meni=152&glavno=8...

Избори за претседател и членови на ФСС на ФЕИТ – Скопје

Последна измена: декември 13, 2021

Записник ОБ – ЗПР Записник ОБ – ЗИ Процедура за онлајн гласање за избор на претседател и членови на ФСС ФЕИТ 2021/2022 Кандидат за претседател на ФСС на ФЕИТ Листа на кандидати за избор на членови на ФСС на ФЕИТ Собири – допис Упатство за кандидирање на членови и претседател за Факултетското студентско собрание на...

Отворен ден на Уким

Датум на настан: 30.11.2021

Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, на 30 ноември 2021 г. организира „Отворен ден на УКИМ“. Настанот ќе се одржи online преку платформата Microsoft Teams. Ќе бидат презентирани студиските програми на факултетите, активностите на студентите, центрите за кариера. Запознајте ги одблиску професорите и студентите, прашајте сѐ што ве интересира за студиските програми, можностите за стипендирање,...

Информација за студентски адреси

Објавено: ноември 17, 2021

Почитувани, Ве известуваме дека ви се креирани електронски адреси на студентскиoт сервер за електронска пошта и корисничка сметка на порталот за електронско учење: http://e-kursevi.feit.ukim.edu.mk До серверот за електронска пошта може да се пристапи преку веб-адресата: https://smail.feit.ukim.edu.mk/ Електронските адреси се во форма <studiska_programa><broj_indeks>@feit.ukim.edu.mk, каде што <broj_indeks> е бројот на индексот, без косата црта со m на...