Jakimovski Goran
goranj@feit.ukim.edu.mk |
Роден на 8.06.1988 година и ги завршува своите додипломски студии на факултетот за Електротехника и информациски технологии – Скопје, во Јуни 2011-та година. Истата година, се запишува на додопломски студии во областа “паралелно процесирање и пресметки со високи перформанси”. Во 2013та година, ги завршува магистерските студии со одбрана истите на тема “Распоредување на процеси и нов алгоритам на распоредување на Линукс оперативен систем”. Работи како асистент на ФЕИТ од 2011-та година, каде притоа бил вклучен во бројни проекти, од кои се издвојува европскиот проект: “Video-oriented UWB-based Intelligent Ubiquitous Sensing (VISION)”, добиен од Европскиот истражувачки совет во 2013-2014та година.
Се запишува на докторски студии во 2013та година на студиската програма Електротехника и информациски технологии, во област “безбедност на Сајбер ентитети”, притоа како ментор е дефиниран проф. Данчо Давчев. Во Март 2019та година докторира на тема: Модел на безбеден мултимедиски медицински информационен систем базиран на мобилен Облак. Во Јуни 2019та година е избран за доцент на институтот за компјутерски технологии и инженерство.