Ljupcho Arsov

E-mail ljarsov@feit.ukim.edu.mk
Phone +389 2 3099111

Електрични мерења и електротехнички материјали:

Образование:

  1. Доктор на технички науки (1988, Универзитет во Нови Сад)
  2. Магистер на технички науки (1975, Универзитет во Белград)
  3. Дипломиран инженер по електротехника (1972, Електротехнички факултет-Белград)

Работно искуство:

Проф. д-р Љупчо Арсов специјализирал нуклеарна енергетика во Сакле-Франција и Карлсруе-Германија. Тој е редовен профессор на Факултетот за електротехника и информациски технологии(ФЕИТ) и раководител на Лабореторијата за електрични мерења и материјали, како и на Метролошката лабораторија за електромагнетни големини. Проф. Др. Арсов има над 35 години искуство во електотехниката, мерењата и образованието. На почетоткот на кариерата тој бил вклучен во истражувањата на ласерите, високофреквентните генератори и нивно користење во преносот на сигнали. Тој работел и на моделирање на електроцентрали и проектирање на мултиваријабилни управувачки системи за големи енергетски објекти, како и на планирање и подготовка на изградбата на големи енергетски објекти. Од 1987 до 1990 година тој бил Помошник министер во Министерството за наука, технолошки развој и информатика и работел на технолошкиот развој на македонското стопанство. Тој е автор на стратегијата и програмата за технолошки развој на РМ. Од 1990, тој работи како универзитетски профессор на ФЕИТ, Технолошко-металуршкиот факултет и Воената академија во Скопје, каде предава додипломските и постдипломските студии: Физика, Електронски материјали, Сетила и преобразувач, Основи на мерната техника, Електрични мерења на неелектрични големини, Микросетила и мерни системи, Компјутеризирани мерења, Процесни мерења, Калибрација и обезбедување на квалитет, Принципи на управување со квалитетот, Мерно-управувачки системи и др. Тој соработува со индустријата на развој на мерни и управувачки системи, мерења и тестирање на материјали, уреди и системи, консултации за акредитација и др. Тој ја основа калибрационата лабораторија за електромагнетни големини, која во 1999 година е акредитирана и овластена. Во периодот 2003-2006 тој е председател на Советот на Институтот за акредитација на РМ, тој учествува во креирањето на Законот за акредитација, Стратегијата за квалитет, документите на Институтот за акредитација на РМ, соработка со Организацијата на европска акредитација.
Тој бил координатор и главен истражувач во голем број научни, развојни и апликативни проекти: “Управување со големи технолошки системи”- Фонд за наука на Србија, “Робустност и субоптимално управување” – Заеднички Југословенско-Американски фонд за технолошка соработка, “ Развој на методи и инструментација за електрични мерења” – заеднички Македонско-Бугарски истражувачки проект, развојни проекти со индустријата: “Развој на нов производ-комбиниран мерен трансформатор”, “Развој на нов тип на броило за електрична енергија”, “Развој на лабораториски информациски систем”, “Разво на нов тип на енергетски кабел” и др. Тој бил експерт во ЕУ финансираниот проект ” Техничка помош на институтите за стандардизација, метрологија акредитација и валидација на квалитетот” и во ЕУ проектот за регионалната инфраструктура за квалитет “КАРДС 2002”.
Проф Арсов е награден со Златен медал (2002) и Гранд При(2004) на МАКИНОВА изложбата на пронајдоци и технички унапредувања за “Систем за калибрација и автоматска верификација на броила за електрична енергија” и “Систем за калибрација и верификација на цистерни и резервоари со експертска подршка“, награден е од Министерството за наука на РМ како најуспешен иноватор од македонските универзитети, награден е од Стопанската комора на Македонија за особени достигања на полето на иновациите и техничките унапредувања , награден е со плакета на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” за особен придонес во развојот и афирмацијата на Универзитетот. Проф Др Арсов има објавено повеќе од 150 научни и стручни трудови. Научни трудови во меѓународни списанија и на меѓународни научни конференции (над 70), истражувачки и развојни проекти (над 15), стручни трудови (над 70 ), како и наставни материјали.