На 12.11.2024 преку зум платформата се одржа воведниот состанок за почеток на проектот „Персонализирано учење во мерната техника поддржано со машинско учење“ (PEMS-ML). PEMS-ML е проект на ФЕИТ од програмата KA220-HED – Cooperation partnerships in higher education (KA220-HED). Предвидено е да трае две години со вкупен буџет од 120000 евра. Проектот е ко-финансиран од Еразмус+ програмата...