I циклус (Додипломски студии)

Електроенергетика, автоматизација и обновливи извори на енергија (ЕАОИЕ)

Електроенергетски системи (ЕЕС)

Електроенергетика, управување и менаџмент (ЕЕУМ)

Компјутерско системско инженерство, автоматика и роботика (КСИАР)

Компјутерски технологии и инженерство (КТИ)

Компјутерско хардверско инженерство и електроника (КХИЕ)

Телекомуникации и информациско инженерство (ТКИИ)

Стари студиски програми →

За студирањето

Студиски програми на прв циклус студии се развиени согласно традицијата на ФЕИТ секогаш да биде во чекор со најновите трендови во светот на науката и техниката, имајќи ги предвид интересите на студентите, како и потребите на нашата заедница. Водени од поставените критериуми и цели на ФЕИТ за задржување на високи стандарди во образување квалитетни кадри, при концепирањето на овие седум студиски програми користено е нашето долгогодишно искуство во изведување на настава и нејзиното постојано унапредување преку континуирана соработка со стопанството.

Траење на студиската програма
Четири години / осум семестри

ЕКТС кредити со кои се стекнува студентот
240 ЕКТС кредити

Финансирање
Финансирањето на студиите се одвива според законските прописи за студирање на државен универзитет, статутот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, како и одлуките во конкурсот за упис.

Продолжување на образованието
По завршувањето на овие студии, студентите можат да го продолжат своето образование на втор циклус циклус студии – магистерски студии.