Вид на програмата
Студиска програма од прв циклус студии, 4 години, 8 семестри, 240 ЕКТС-кредити
Образовен степен (диплома)
Дипломиран инженер по електротехника и информациски технологии од областа електроенергетика, автоматизација и обновливи извори на енергија
Профил
Електроенергетика, автоматизација и обновливи извори на енергија
Идентификација на потребите и можностите за вработување
Дипломираните инженери од овој профил се оспособени за работа во сите индустриски гранки, електростопанството (централи и дистрибуција), средни и мали претпријатија, проектантски фирми и претставништва, како и во истражувачки и развојни институти и образовни институции.
Образовни компетенции на профилот
Студиската програма обезбедува образование на високостручен инженерски кадар компетентен и оспособен за истражување, проектирање, развој и работа во постројките за електромеханичко и електротермиско претворање на електричната енергија во процесот на производство, пренос, дистрибуција и искористување. Студиската програма ги негува и развива научните и стручни области од доменот на автоматизација на енергетските процеси, регулацијата на современите електромоторни погони, енергетската ефикасност и безбеднo, доверливo и рационално искористување на енергијата во индустријата, јавната потрошувачка, деловните објекти и домаќинствата како и експлоатацијата на обновливите извори на енергија и примената на паметните мрежи и системи. Студентите кои ќе ги завршат студиите на оваа студиска програма ќе стекнат вештини и компетенции за компјутерско проектирање, моделирање и анализа на електроенергетските уреди со помош на современи софтверски алатки. Практичните знаења и вештини студентите на Факултетот ќе ги стекнат преку практичната работа во лабораториите опремени со најсовремена компјутеризирана мерна опрема.
Меѓународна акредитација
Студиските програми на ФЕИТ се меѓународно акредитирани од германскиот институт ASIIN, кој е светски лидер за потврда на квалитетот во високото образование. Со оваа акредитација се потврдува дека студиските програми се воспоставени според меѓунароните стандарди за квалитет и содржините кои се изучуваат се релевантни за областите кои се покриени во студиските програми.


Општи дескриптори на квалификации
Квалификација | Дескриптори на квалификациите |
Знаење и разбирање |
|
Примена на знаењето и разбирањето |
|
Способност за проценка |
|
Комуникациски вештини |
|
Вештини на учење |
|
Специфични дескриптори на квалификации
Квалификација | Дескриптори на квалификациите |
Знаење и разбирање |
|
Примена на знаењето и разбирањето |
|
Способност за проценка |
|
Комуникациски вештини |
|
Вештини на учење |
|
Семестар 1 | |||
Задолжителни предмети | |||
Шифра | Предмет | Кредити | Фонд |
4ФЕИТ08З007 | Математика 1 | 8 | 4+3+0 |
4ФЕИТ08З015 | Физика 1 | 7 | 3+2+1 |
4ФЕИТ06З006 | Основи на електротехника | 8 | 3+3+1 |
4ФЕИТ07З019 | Програмирање и алгоритми | 7 | 2+2+2 |
Семестар 2 | |||
Задолжителни предмети | |||
Шифра | Предмет | Кредити | Фонд |
4ФЕИТ08Л008 | Математика 2 | 7 | 3+3+0 |
4ФЕИТ08Л016 | Физика 2 | 7 | 3+2+1 |
4ФЕИТ06Л005 | Основи на електрични кола | 7 | 3+2+1 |
4ФЕИТ03Л003 | Електротехнички материјали | 3 | 2+0+1 |
4ФЕИТ07Л018 | Податочни структури и програмирање | 6 | 2+2+2 |
Семестар 3 | |||
Задолжителни предмети | |||
Шифра | Предмет | Кредити | Фонд |
4ФЕИТ08З009 | Математика 3 | 6 | 3+3+0 |
4ФЕИТ03З006 | Мерења во електротехника | 6 | 3+1+1 |
4ФЕИТ05З033 | Сигнали и системи | 6 | 3+2+0 |
4ФЕИТ05З017 | Електроника | 6 | 2+2+1 |
Изборен предмет 1 | 6 | ||
Изборен предмет 1 | |||
Шифра | Предмет | Кредити | Фонд |
4ФЕИТ06З004 | Енергија и одржлив развој | 6 | 3+2+0 |
4ФЕИТ08З005 | Инженерска механика | 6 | 3+2+0 |
4ФЕИТ02З022 | Технички стандарди и регулатива | 6 | 3+1+1 |
Семестар 4 | |||
Задолжителни предмети | |||
Шифра | Предмет | Кредити | Фонд |
4ФЕИТ05Л014 | Електромагнетика | 6 | 3+2+0 |
4ФЕИТ02Л009 | Електромеханичко претворање на енергијата | 6 | 3+2+0 |
4ФЕИТ08Л010 | Математика 4 | 6 | 3+3+0 |
4ФЕИТ01Л019 | Системи на автоматско управување | 6 | 2+2+1 |
Изборен предмет 1 | 6 | ||
Изборен предмет 1 | |||
Шифра | Предмет | Кредити | Фонд |
4ФЕИТ06Л001 | Вовед во микроконтролери и индустриски апликации | 6 | 3+0+2 |
4ФЕИТ02Л013 | Инженерски софтверски алатки | 6 | 3+0+2 |
4ФЕИТ05Л036 | Теорија на електрични кола | 6 | 3+2+0 |
Семестар 5 | |||
Задолжителни предмети | |||
Шифра | Предмет | Кредити | Фонд |
4ФЕИТ02З005 | Електрични генератори и трансформатори | 6 | 3+1+1 |
4ФЕИТ02З011 | Енергетски преобразувачи | 6 | 3+1+1 |
4ФЕИТ02З018 | Основи на обновливи извори на енергија | 6 | 3+1+1 |
4ФЕИТ10З014 | Комуникациски технологии и протоколи во електроенергетиката | 6 | 3+1+1 |
4ФЕИТ09З018 | Преносни и дистрибутивни системи | 6 | 3+2+0 |
Во текот на студирањето студентот може да избере најмногу 4 предмети од Факултетската листа изборни предмети |
Семестар 6 | |||
Задолжителни предмети | |||
Шифра | Предмет | Кредити | Фонд |
4ФЕИТ02Л007 | Електрични мотори | 6 | 3+1+1 |
4ФЕИТ03Л005 | Мерења во електроенергетика | 6 | 3+1+1 |
4ФЕИТ04Л004 | Електрични централи и разводни постројки | 6 | 3+2+0 |
4ФЕИТ02Л015 | Мрежно поврзување на обновливи извори на енергија | 6 | 3+1+1 |
Изборен предмет 1 | 6 | ||
Изборен предмет 1 | |||
Шифра | Предмет | Кредити | Фонд |
4ФЕИТ06Л003 | Електротермиска конверзија | 6 | 3+1+1 |
4ФЕИТ09Л013 | Нисконапонски електроенергетски инсталации и осветление | 6 | 2+2+1 |
4ФЕИТ04Л025 | Фотоволтаични системи | 6 | 3+1+1 |
Во текот на студирањето студентот може да избере најмногу 4 предмети од Факултетската листа изборни предмети |
Семестар 7 | |||
Задолжителни предмети | |||
Шифра | Предмет | Кредити | Фонд |
4ФЕИТ02З010 | Електромоторни погони | 6 | 3+1+1 |
4ФЕИТ02З020 | Проектирање на системи за обновливи извори на енергија | 6 | 3+1+1 |
Изборен предмет 1 | 6 | ||
Изборен предмет 2 | 6 | ||
Изборен предмет 3 | 6 | ||
Изборни предмети 1, 2 и 3 | |||
Шифра | Предмет | Кредити | Фонд |
4ФЕИТ02З002 | Ветрогенератори и ветрогенераторски системи |
6 | 3+1+1 |
4ФЕИТ02З004 | Динамика и моделирање на електрични машини, трансформатори и апарати | 6 | 3+1+1 |
4ФЕИТ02З012 | Инженерска документација | 6 | 3+1+1 |
4ФЕИТ02З014 | Мали и специјални електрични машини | 6 | 3+0+2 |
4ФЕИТ02З016 | Нисконапонски апарати | 6 | 3+1+1 |
4ФЕИТ02З017 | Основи на мехатроника | 6 | 3+1+1 |
4ФЕИТ02З019 | Проектирање на електрични машини и трансформатори | 6 | 3+2+0 |
4ФЕИТ01З014 | Програмабилни логички управувачи | 6 | 2+2+1 |
4ФЕИТ02З021 | Системи за складирање енергија | 6 | 3+1+1 |
Во текот на студирањето студентот може да избере најмногу 4 предмети од Факултетската листа изборни предмети |
Семестар 8 | |||
Задолжителни предмети | |||
Шифра | Предмет | Кредити | Фонд |
4ФЕИТ02Л001 | Автоматизација на електромоторни погони | 6 | 3+1+1 |
4ФЕИТ12Л006 | Дипломска работа | 9 | |
4ФЕИТ12Л011 | Студентска пракса | 3 | |
Изборен предмет 1 | 6 | ||
Изборен предмет 2 | 6 | ||
Изборен предмет 1 (се избира еден од понудените предмети) | |||
Шифра | Предмет | Кредити | Фонд |
4ФЕИТ09Л005 | Еконономија за инженери | 6 | 3+2+0 |
4ФЕИТ04Л016 | Претприемништво и бизнис во техниката | 6 | 3+2+0 |
4ФЕИТ04Л018 | Проектен менаџмент и етика во инженерството | 6 | 3+2+0 |
4ФЕИТ08Л014 | Технолошки иновации | 6 | 2+2+1 |
Изборен предмет 2 | |||
4ФЕИТ02Л003 | Дијагностика, испитување и заштита на електрични машини | 6 | 3+0+2 |
4ФЕИТ06Л002 | Електрични возила | 6 | 3+2+0 |
4ФЕИТ04Л022 | Релејна заштита | 6 | 2+2+1 |
Во текот на студирањето студентот може да избере најмногу 4 предмети од Факултетската листа изборни предмети |
Изборни наставни предмети на Факултетската листа изборни предмети
Во текот на студирањето студентот може да избере најмногу 4 предмети од следнава листа:
Реден број | Код | Назив на предметот | Семестар | Неделен фонд на часови | ЕКТС | Единица |
1 | 4ФЕИТ05З011 | Дигитално процесирање на сигнали | V | 3+1+1 | 6 | ФЕИТ |
2 | 4ФЕИТ08З003 | Дискретна математика | V | 3+3+0 | 6 | ФЕИТ |
3 | 4ФЕИТ08З004 | Електрооптика | V | 2+2+1 | 6 | ФЕИТ |
4 | 4ФЕИТ04З005 | Енергетска ефикасност и животна средина | V | 3+2+0 | 6 | ФЕИТ |
5 | 4ФЕИТ09З012 | Надземни и кабелски водови | V | 3+2+0 | 6 | ФЕИТ |
6 | 4ФЕИТ07З013 | Оперативни системи | V | 2+2+1 | 6 | ФЕИТ |
7 | 4ФЕИТ12З009 | Основи на WEB програмирање | V | 2+2+1 | 6 | ФЕИТ |
8 | 4ФЕИТ08З013 | Статистичка обработка на податоци | V | 3+1+1 | 6 | ФЕИТ |
9 | 4ФЕИТ12Л001 | Web апликации | VI | 2+2+1 | 6 | ФЕИТ |
10 | 4ФЕИТ03Л001 | Виртуелна инструментација во LabVIEW | VI | 2+2+1 | 6 | ФЕИТ |
11 | 4ФЕИТ09Л009 | Интелигентни електроенергетски мрежи | VI | 3+2+0 | 6 | ФЕИТ |
12 | 4ФЕИТ01Л005 | Интелигентни системи на управување | VI | 2+2+1 | 6 | ФЕИТ |
13 | 4ФЕИТ08Л006 | Компјутерски поддржано геометриско моделирање | VI | 3+2+1 | 6 | ФЕИТ |
14 | 4ФЕИТ01Л006 | Компјутерско водење на процеси | VI | 2+2+1 | 6 | ФЕИТ |
15 | 4ФЕИТ08Л011 | Нумерички методи | VI | 3+0+2 | 6 | ФЕИТ |
16 | 4ФЕИТ07Л016 | Податочна наука и анализа на податоци | VI | 2+2+1 | 6 | ФЕИТ |
17 | 4ФЕИТ01Л017 | Роботика 1 | VI | 2+2+1 | 6 | ФЕИТ |
18 | 4ФЕИТ05З001 | VLSI дизајн со PLD и FPGA компоненти | VII | 3+1+1 | 6 | ФЕИТ |
19 | 4ФЕИТ05З007 | Вградливи микрокомпјутерски системи | VII | 3+1+1 | 6 | ФЕИТ |
20 | 4ФЕИТ08З002 | Вовед во наноматеријали и нанотехнологии | VII | 2+2+1 | 6 | ФЕИТ |
21 | 4ФЕИТ10З005 | Дигитални валути | VII | 3+1+1 | 6 | ФЕИТ |
22 | 4ФЕИТ05З012 | Дигитално процесирање на слика | VII | 3+1+1 | 6 | ФЕИТ |
23 | 4ФЕИТ04З006 | Заземјување, професионален ризик и безбедност во електроенергетски постројки | VII | 3+2+0 | 6 | ФЕИТ |
24 | 4ФЕИТ01З007 | Машинско учење | VII | 2+2+1 | 6 | ФЕИТ |
25 | 4ФЕИТ01З011 | Операциони истражувања | VII | 2+2+1 | 6 | ФЕИТ |
26 | 4ФЕИТ08З012 | Основи на конвексна оптимизација со примена | VII | 3+2+0 | 6 | ФЕИТ |
27 | 4ФЕИТ10З030 | Форензика на мрежи | VII | 3+1+1 | 6 | ФЕИТ |
28 | 4ФЕИТ05Л023 | Машински вид | VIII | 3+1+1 | 6 | ФЕИТ |
29 | 4ФЕИТ05Л005 | Биомедицинска електроника | VIII | 3+1+1 | 6 | ФЕИТ |
30 | 4ФЕИТ03Л010 | Системи за мерење и аквизиција на податоци | VIII | 3+1+1 | 6 | ФЕИТ |