Системи на автоматско управување

Последна измена: јуни 6, 2023
1. Наслов на наставниот предмет Системи на автоматско управување
2. Код 4ФЕИТ01Л019
3. Студиска програма ЕЕПМ,КХИЕ,КТИ,ТКИИ,ЕЕС,ЕАОИЕ
4. Организатор на студиската програма Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен Прв циклус студии
6. Академска година / семестар II/4 7. Број на ЕКТС 6
8. Наставник Д-р Душко Ставров
9. Предуслов за запишување на предметот
Ислушани: Математика 3 или Дискретна математика и Сигнали и системи
10. Цели на предметната програма (компетенции). Целта на овој предмет е да ги запознае студентите со основните системи на автоматско управување, модели на системите на автоматско управување. Со успешно завршување на предметот студентите ќе бидат оспособени да ги препознаваат и идентификуваат системите, да можат истите аналитички да ги моделираат и да ги анализираат нивните својства со помош на компјутерски алатки. Студентите ќе бидат оспособени за проектирање на едноставни управувачи за овие системи и за анализирање на перформансите на системите со повратна врска управувани од ваквите управувачи.
11. Содржина на програмата: Вовед: основни поими и дефиниции, класификација на системите, примери на системи на автоматско управување. Математички основи: диференцијални равенки, Лапласова трансформација, инверзна Лапласова трансформација, преносни функции. Математичко моделирање: на механички, електрични и електро-механички системи. Блок дијаграми и карактеристики на САУ: алгебра на блок шеми. Перформанси на САУ и критериуми за синтеза: грешка во стационарната состојба, карактеризација на преодниот режим, интегрални критериуми на квалитет, чувствителност. Стабилност на динамичките системи: алгебарски критриуми за стабилност, стабилност според преносна функција, стабилност во просторот на состојби. Анализа на САУ во фреквенциското подрачје. Анализа на САУ во просторот на состојба: варијабли на состојба и простор на состојба, добивање равенки на состојба од диференцијални равенки и од преносни функции, решавање на равенките на состојба, фундаментална матрица, својствени вредности и својствени вектори, матрична преносна функција. Аналогија на континуалните системи на управување во дискретни системи на управување. Основи на ПИД управување.
12.Методи на учење Комбиниран начин на учење: предавања, подржани со презентации, домашни задачи, проектни задачи и аудиториски вежби и практични вежби во лабораторија.
13. Вкупен расположив фонд на часови 2 + 2 + 1 + 0
14. Распределба на расположивото време 180
15. Форми на наставните активности 15.1. Предавања – теоретска настава 30
15.2. Вежби, семинари, тимска работа 45
16. Други форми на активност 16.1. Проектни задачи 0
16.2. Самостојни задачи 15
16.3. Домашно учење 90
17. Начини на оценување 17.1. Тестови 10
17.2. Семинарска работа/проект 0
17.3. Активност и учење 0
17.4. Завршен испит 90
18. Критериуми за оценување до 50 бодови 5 (пет) (F)
од 51до 60 бодови 6 (шест) (E)
од 61до 70 бодови 7 (седум) (D)
од 71до 80 бодови 8 (осум) (C)
од 81до 90 бодови 9 (девет) (B)
од 91до 100 бодови 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Редовно посетување на наставата и аудиториските вежби, како и успешно и навремено изработени лабораториски вежби.
20. Начин на полагање на испитот Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од 120 минути), тестови кои се спроведуваат во текот на часовите и тест од лабораториски вежби (по завршување на вежбите).
1. За студентите кои ги положиле парцијалните испити, како замена за завршниот писмен испит, може да се спроведе и завршен устен испит (времетраење до 60 минути). Во конечната оценка влагуваат поените од парцијалните испити, тестовите и завршниот устен испит (ако е спроведен).
2. Во предвидените испитни сесии се полага завршен писмен испит (времетраење 120 минути). За студентите кои го положиле завршниот писмен испит, може да се спроведе и завршен устен испит (времетраење до 60 минути). Во конечната оценка влагуваат поените од завршниот писмен испит, тестовите и завршниот устен испит (ако е спроведен).
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата интерна евалуација и анкети
23. Литература
23.1. Задолжителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Richard C. Dorf, Robert H. Bishop Modern Control Systems Prentice Hall 2010
2 Норман С. Нисе Системи на автоматско управување Датапонс, Скопје 2008