За факултетот

Мисија на ФЕИТ

Континуирано образование на стручни и претприемливи индивидуи во електротехниката и новите технологии, кои ќе работат успешно и ќе промовираат нова работа и нови можности.

Изјава за мисија

Наша стратешка определба е да се развиваме и понатаму како водечка образовна и научно-истражувачка институција во Република Македонија на полето на електротехниката и новите технологии.

Обезбедувајќи перманентна технолошка иновација, квалитет и креативност во наставните програми, остваруваме континуирано образование на стручни, креативни и претприемчиви индивидуи, кои не само што ќе работат успешно во својата професионална ориентација, туку и ќе создаваат нова работа и афирмираат нови можности и откриваат нови хоризонти. Нашата образовна мисија ја остваруваме со додипломските и последипломските студии со развивање на интензивна комуникација со студентите, Универзитетот и врвните слични институции во светот како и со „бизнисот” и стопанството.

Постигнувајќи постојан успех во научно-истражувачката работа на домашен и меѓународен план, нашата научно-истражувачка мисија ја остваруваме со докторските дисертации и бројните меѓународни научно-истражувачки проекти.

Создавајќи услови за трансфер на знаење и технологија ние даваме силна подршка на технолошкиот и економски одржлив развој на нашето стопанство.

Визија

Нашата визија е припадност на семејството престижни институции на полето на електротехниката и новите технологии како и давање подршка на меѓународната интеграција на нашата земја и нашето стопанство од аспект на негова меѓународна конкурентност и трансфер на знаење и технологија.

Стратешки цели

1. Комплетирање на студиските програми соответно на Европскиот кредит трансфер систем и обезбедување континуирана едукација.

2. Зајакнување и охрабрување на атрактивноста на професионалните и научните степени со промоција на нови можности во кариерата и бизнисот.

3. Стратегија за развој на нашиот факултет кон Европската заедница и квалитет на работата во согласност со европските стандарди.

4. Негување и подобрување на можностите да се остварат барањата за едуцирање на поединци од сите стручни и возрасни категории.

5. Стимулирање на ефикасен трансфер на знаење и професионална стручност од академската средина кон индустријата и активно учество во севкупниот развој на Република Македонија.

6. Создавање на „научни/технолошки села” постигнувајќи подобра комуникација помеѓу нашиот значителен научно-истражувачки потенцијал за креативност и иновативниот бизнис.