Електромеханичко претворање на енергијата

Објавено: јуни 28, 2022
1. Наслов на наставниот предмет Електромеханичко претворање на енергијата
2. Код 4ФЕИТ02Л009
3. Студиска програма ЕАОИЕ
4. Организатор на студиската програма Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен Прв циклус студии
6. Академска година / семестар II/4 7. Број на ЕКТС 6
8. Наставник Д-р Влатко Стоилков
9. Предуслов за запишување на предметот Положени: Основи на електротехника
10. Цели на предметната програма (компетенции). Запознавање со принципите за електро-магнето-механичкото претворање на енергијата. Оспособеност за согледување и анализа на појавите при електромеханичко преобразување на енергијата. Способност за пресметка на значајни електромеханички параметри во електроенергетски уреди.
11. Содржина на програмата: Магнетни кола и магнетни материјали за вртливи и стационарни електроенергетски уреди. Oсновни закони и принципи за електромеханичко претворање на енергијата. Електро-магнето-механичка интеракција. Системи со една и повеќе возбудни намотки. Аналогија помеѓу магнетно и електрично коло на електричните машини. Вовед во трансформатори. Сили и моменти во системи со магнетни полиња. Енергија во единечно возбудени и системи со повеќе возбудни намотки. Енергија и коенергија. Вовед во машините за еднонасочна и наизменична струја. Видови намотки. Начини за изведување на различните видови намотки. Магнетен напон и вртливо магнетно поле. Електромагнетен
момент и индуциран напон во електричните машини. Елементарни машини за еднонасочна и наизменична струја.
12.Методи на учење Интерактивни предавања, аудиториски вежби, консултации, самостојни и групни проекти, домашни задачи.
13. Вкупен расположив фонд на часови 3 + 2 + 0 + 0
14. Распределба на расположивото време 180
15. Форми на наставните активности 15.1. Предавања – теоретска настава 45
15.2. Вежби, семинари, тимска работа 30
16. Други форми на активност 16.1. Проектни задачи 20
16.2. Самостојни задачи 10
16.3. Домашно учење 75
17. Начини на оценување 17.1. Тестови 10
17.2. Семинарска работа/проект 5
17.3. Активност и учење 5
17.4. Завршен испит 80
Критериуми за оценување до 50 бодови 5 (пет) (F)
од 51до 60 бодови 6 (шест) (E)
од 61до 70 бодови 7 (седум) (D)
од 71до 80 бодови 8 (осум) (C)
од 81до 90 бодови 9 (девет) (B)
од 91до 100 бодови 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Редовно следење настава и вежби
20. Начин на полагање на испитот Писмено, со опфатени теоретски прашања (60%) и проблемски задачи (40 %)
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Студентска анкета
23. Литература
23.1. Задолжителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 В. Стоилков Електромеханичко претворање на енергијата Предавања 2016
2 А.Е..Фицџералд и др. Електрични машини – шесто издание ДатаПонс Скопје 2003
3 David Brown Electromechanical Energy Conversion Macmillan Pub Co 2004
23.1. Задолжителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
23.2. Дополнителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Jerome Meisel Principles of Electromechanical Energy Conversion Krieger Pub Co 1998