Вовед во микроконтролери и индустриски апликации

Објавено: јуни 28, 2022
1. Наслов на наставниот предмет Вовед во микроконтролери и индустриски апликации
2. Код 4ФЕИТ06Л001
3. Студиска програма ЕАОИЕ
4. Организатор на студиската програма Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен Прв циклус студии
6. Академска година / семестар II/4 7. Број на ЕКТС 6
8. Наставник Д-р Благоја Марковски
9. Предуслов за запишување на предметот Положени: Основи на електрични кола, Основи на електротехника
10. Цели на предметната програма (компетенции). Запознавање со микроконтролери, нивните конструктивни и експлоатациони особености и примена. По завршување на курсот студентите ќе бидат оспособени за развој на хардверска и софтверска поддршка на микроконтролерски базирани системи во индустриски, електроенергетски и други апликации.
11. Содржина на програмата: Запознавање со микроконтролерите, нивните особености, можности и ограничувања, со посебен акцент на PIC микроконтролерите. Влезно/излезни порти и нивни специјални функции. Електрично коло со микроконтролер, неопходни придружни компоненти, поврзување со сензори и потрошувачи. Запознавање и примена на програми за дизајнирање, симулација и тестирање на кола со микроконтролери. Примена на аналогно дигиталната конверзија, интерапти, бројачи, тајмери, широчинско-импулсна модулација и други специјални функции. Комуникациски протоколи, комуникација со периферни уреди и компјутер. Техники за тестирање на кодот, пронаоѓање и отстранување на грешки преку анализа на содржина на регистри. Анализа, планирање и реализација на едноставни микроконтролерски базирани системи во индустриски, електроенергетски и други апликации.
12.Методи на учење Комбиниран начин на учење: предавања, подржани со презентации и визуелизација на концептите, активно учество на студентите преку дискусии и анализи на едноставни практични проблеми, планирање и изработка на проектни задачи и лабораториски вежби.
13. Вкупен расположив фонд на часови 3 + 0 + 2 + 0
14. Распределба на расположивото време 180
15. Форми на наставните активности 15.1. Предавања – теоретска настава 45
15.2. Вежби, семинари, тимска работа 30
16. Други форми на активност 16.1. Проектни задачи 30
16.2. Самостојни задачи 15
16.3. Домашно учење 60
17. Начини на оценување 17.1. Тестови 30
17.2. Семинарска работа/проект 30
17.3. Активност и учење 10
17.4. Завршен испит 30
Критериуми за оценување до 50 бодови 5 (пет) (F)
од 51до 60 бодови 6 (шест) (E)
од 61до 70 бодови 7 (седум) (D)
од 71до 80 бодови 8 (осум) (C)
од 81до 90 бодови 9 (девет) (B)
од 91до 100 бодови 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Посетеност на наставата и навремено изработени лабораториски вежби.
20. Начин на полагање на испитот

Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од 60 минути), тестови кои се спроведуваат во текот на часовите и лабораториски вежби. Услов за положување на предметот преку парцијални испити е минимум 50% од вкупниот број на поени од сите активности (колоквиуми, тестови и лабораториски вежби).

Во предвидените испитни сесии се полага писмен испит (времетраење 120 минути). Услов за положување на предметот преку писмен испит е минимум 50% од вкупниот број на поени од сите активности (испит, тестови и лабораториски вежби).

Студентот треба да изработи индивидуална проектна задача и истата да ја предаде најдоцна до крајот на семестарот.

За време на испитот и тестовите дозволено е користење корисничко упатство, книги, скрипти и компјутер. Комуникација или консултација со други лица за време на испитот е строго забранета.

21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Интерна евалуација и анкети.
23. Литература
23.1. Задолжителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Milan Verle PIC Microcontrollers – Programming in Basic MikroElektronika 2010
23.1. Задолжителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
23.2. Дополнителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Tim Wilmshurst Designing Embedded Systems with PIC Microcontrollers Elsevier 2007
2 Dogan Ibrahim Advanced PIC Microcontroller Projects in C: From USB to RTOS with the PIC 18F Series Elsevier 2008