Мерења во електротехника

Објавено: јуни 28, 2022
1. Наслов на наставниот предмет Мерења во електротехника
2. Код 4ФЕИТ03З006
3. Студиска програма ЕАОИЕ,КХИЕ,КСИАР,ЕЕС,ЕЕПМ
4. Организатор на студиската програма Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен Прв циклус студии
6. Академска година / семестар II/3 7. Број на ЕКТС 6
8. Наставник Д-р Марија Чундева-Блајер, Д-р Живко Коколански
9. Предуслов за запишување на предметот Положени: Основи на електротехника
Ислушани: Основи на електрични кола
10. Цели на предметната програма (компетенции). Стекнување на знаења од мерните методи кои се применуваат во мерењата на електричните величини. Запознавање со принципите на функционирање, примена и користење на мерните инструменти.
11. Содржина на програмата: Основни поими и дефиниции во мерната техника. Законска метрологија. Статички и динамички карактеристики и блок-структури на мерните уреди. Теорија на мерна неодреденост, мерна неодреденост од тип А и мерна неодреденост од тип Б. Гаусова и Студентова распределба на повеќекратно повторени мерења. Мерни преобразувачи на електрични во електрични величини, преобразувачи на наизменични во еднонасочни сигнали, мерни засилувачи. Аналогни мерни инструменти, волтметар, амперметар, омметар и ватметар. Општи поими за дигитални мерни инструменти, структурни елементи, мерење временски интервал и фреквенција. Дигитални волтметри. Мерење со осцилоскоп. Мерни мостови за еднонасочна и наизменична струја. Електрични мерења на неелектрични величини. Mерни системи.
12.Методи на учење Предавања, аудиториски и лабораториски вежби, семинарски и проектни задачи, самостојно учење
13. Вкупен расположив фонд на часови 3 + 1 + 1 + 0
14. Распределба на расположивото време 180
15. Форми на наставните активности 15.1. Предавања – теоретска настава 45
15.2. Вежби, семинари, тимска работа 30
16. Други форми на активност 16.1. Проектни задачи 30
16.2. Самостојни задачи 30
16.3. Домашно учење 45
17. Начини на оценување 17.1. Тестови 30
17.2. Семинарска работа/проект 10
17.3. Активност и учење 10
17.4. Завршен испит 50
18. Критериуми за оценување до 50 бодови 5 (пет) (F)
од 51до 60 бодови 6 (шест) (E)
од 61до 70 бодови 7 (седум) (D)
од 71до 80 бодови 8 (осум) (C)
од 81до 90 бодови 9 (девет) (B)
од 91до 100 бодови 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит редовно присуство и изработени лабораториски вежби
20. Начин на полагање на испитот Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од 90 минути), тестови кои се спроведуваат во текот на часовите и тест од лабораториски вежби (по завршување на вежбите). За студентите кои ги положиле парцијалните испити и тестот од лабораториски вежби, може да се спроведе завршен устен испит преку презентација и одбрана на проектна работа (времетраење 60 минути). Во конечната оценка влeгуваат поените од парцијалните испити, тестовите и завршниот устен испит и бодови од присуство на часови.
Во предвидените испитни сесии се полага писмен испит (времетраење 120 минути). За студентите кои го положиле писмениот испит и тестот од лабораториски вежби, се спроведува завршен устен испит преку презентација и одбрана на проектна работа (времетраење 60 минути). Во конечната оценка влагуваат поените од писмениот испит, тестовите и завршниот устен испит.
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Интерна евалуација и анкети.
23. Литература
23.1. Задолжителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Ц. Гавровски Основи на мерна техника ФЕИТ-Скопје 2011
2 В. Димчев, М. Чундева Блајер, Ж. Коколански, М. Србиновска Збирка решени задачи по мерења во електротехника ФЕИТ, Скопје 2016
3 В. Димчев, М. Чундева Блајер, Ж. Коколански, М. Србиновска Лабораториски вежби по Мерења во електротехника ФЕИТ, Скопје 2016
23.2. Дополнителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 S. Tumanski Principles of electrical measurements Taylor&Francis 2006
2 R. Malarić Instrumentation and measurement in electrical engineering Brown Walker Press 2011