Надземни и кабелски водови

Објавено: јуни 28, 2022
1. Наслов на наставниот предмет Надземни и кабелски водови
2. Код 4ФЕИТ09З012
3. Студиска програма ЕЕС,ЕЕПМ
4. Организатор на студиската програма Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен Прв циклус студии
6. Академска година / семестар III/5, IV/7 7. Број на ЕКТС 6
8. Наставник Д-р Јорданчо Ангелов
9. Предуслов за запишување на предметот Положени: Математика 1, Физика 1
10. Цели на предметната програма (компетенции). Стекнување знаења и познавања од областа избор, димензионирање и проектирање на надземните и кабелските елктроенегретски водови. Се изучуваат конструкцијата, изведбата и основите за проектирање на надземни водови како и избор, димензионирање и проверка на оптовареност на кабелските водови.
11. Содржина на програмата: Вовед. Област на изучување. Основни поими. Елементи на надземните водови (НВ): (спроводници и јажиња, изолатори, столбови, заземјување), нивна намена и карактеристики. Механичка пресметка: влијание на климатските фактори, температура, ветер, зимски додатни товари. Синџирница и парабола. провес, напрегање, сили. Равенка на состојбата и нејзино решавање. Критичен распон, критична температура, граничен распон, идеален распон. Основни димензии на столбовите: сигурносни растојанија, височини и оддалечености, премини и приближувања, заштитна зона. Заземјување на столбовите, типски заземјувачи. Атмосферски пренапони и заштита од нив. Проектирање и градба на надземните водови – општи принципи, избор на траса, дозволени распони, предзатегање, монтажни табели, шаблони. Компјутерски поддржано проектирање. Енергетски кабли: конструкција: улога, поделба, означување, загревање и ладење на каблите. Избор на тип и пресек – критериуми. Полoжување, спојување, завршување. Експлоатација. Нови трендови и нови технологии во кабелската техника.
12.Методи на учење Теоретска настава, аудиториска настава, проектна задача и изработка на домашни задачи
13. Вкупен расположив фонд на часови 3 + 2 + 0 + 0
14. Распределба на расположивото време 180
15. Форми на наставните активности 15.1. Предавања – теоретска настава 45
15.2. Вежби, семинари, тимска работа 30
16. Други форми на активност 16.1. Проектни задачи 30
16.2. Самостојни задачи 30
16.3. Домашно учење 45
17. Начини на оценување 17.1. Тестови 20
17.2. Семинарска работа/проект 20
17.3. Активност и учење 10
17.4. Завршен испит 50
18. Критериуми за оценување до 50 бодови 5 (пет) (F)
од 51до 60 бодови 6 (шест) (E)
од 61до 70 бодови 7 (седум) (D)
од 71до 80 бодови 8 (осум) (C)
од 81до 90 бодови 9 (девет) (B)
од 91до 100 бодови 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Редовно посетување на наставата и аудиториските вежби. Изработка на две програмски задачи.
20. Начин на полагање на испитот Писмен испит: два парцијални испита (по 120 min) или завршен писмен испит (120 min).
Студентот треба да ги изработи предвидените домашни и проектни задачи и истите да ги предаде според објавената динамика на веб страницата за предметот.
Усмен испит: за студентите кои ги положиле парцијалните испити или го положиле завршниот писмен испит и ги изработиле предвидените домашни и проектни задачи, може да се спроведе завршен устен испит (времетраење 60 минути).
Завршната оценка се определува поените добиени од испитите, домашните и проектните задачи според соодветните тежински коефициенти.
За време на испитот е дозволено користење литературата по предметот во печатена форма. Употреба на калкулатор е дозволена, но не е дозволено користење на мобилни телефони, таблети или слични електронски уреди.
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Интерна евалуација и анкети
23. Литература
23.1. Задолжителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Ристо Ачковски Компјутерска програма и упатство за проектирање на надземни водови ЕТФ-Скопје 2005
2 Ристо Ачковски Надземни и кабелски водови ФЕИТ-Скопје 2015
3 Ристо Ачковски Вежби по надземни и кабелски водови ФЕИТ-Скопје 2015