Енергетска ефикасност и животна средина

Објавено: јуни 28, 2022
1. Наслов на наставниот предмет Енергетска ефикасност и животна средина
2. Код 4ФЕИТ04З005
3. Студиска програма ЕЕПМ
4. Организатор на студиската програма Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен Прв циклус студии
6. Академска година / семестар III/5 7. Број на ЕКТС 6
8. Наставник Д-р Антон Чаушевски
9. Предуслов за запишување на предметот Положени: Физика 1 , Основи на електротехника
10. Цели на предметната програма (компетенции). Енергетски ефикасни уреди, заштеда на енергија. Влијание на енергетските постројки за производство на електрична енергија врз човековата и животна средина.Изучување на методологии за пресметка на штетните влијанија од цврсти, течни и гасни продукти, начини за нивно редуцирање, и ефикасни енергетски методи. Евалуација на еколошките влијанија од производни енергетски капацитети.
11. Содржина на програмата: Енергетски ефикасни мерки за заштеда на енергија. Влијание на производството на електрична енергија од различни технологии врз животната средина. Типови фосилни горива и нивни состав. Ефекти од работата на ТЕЦ на фосилни горива врз околината. Тврд отпад (пепел) и емисија на гасови (азотни, сулфурни и јаглеродни оксиди). Ефектот на стаклена градина и значењето на озонскиот слој за животот на земјата. Технологии и ланци за производство на електрична енергија. Технологии за смалување на емисија на гасови кај ТЕЦ на фосилни горива и нивна економска евалуација за целата постројка. Влијание на работата на нуклеарна централа врз животната средина. Класификација на радиоактивен отпад и начини за нивно решавање. Ефекти од градба на хидроелектрични централи врз животната средина и евалуација на ефектите од нарушување на био циклусот на локално и глобално ниво. Квантификација на ризикот врз околината од работа на електроенергетски објекти.
12.Методи на учење Предавања поддржани со презентации, интерактивни предавања, аудиториски вежби со решавање на практични примери.
13. Вкупен расположив фонд на часови 3 + 2 + 0 + 0
14. Распределба на расположивото време 180
15. Форми на наставните активности 15.1. Предавања – теоретска настава 45
15.2. Вежби, семинари, тимска работа 30
16. Други форми на активност 16.1. Проектни задачи 0
16.2. Самостојни задачи 0
16.3. Домашно учење 105
17. Начини на оценување 17.1. Тестови 0
17.2. Семинарска работа/проект 0
17.3. Активност и учење 0
17.4. Завршен испит 100
18.Критериуми за оценување до 50 бодови 5 (пет) (F)
од 51до 60 бодови 6 (шест) (E)
од 61до 70 бодови 7 (седум) (D)
од 71до 80 бодови 8 (осум) (C)
од 81до 90 бодови 9 (девет) (B)
од 91до 100 бодови 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Посетеност на предавањата и вежбите.
20. Начин на полагање на испитот Преку два парцијални писмени испити (времетраење по 2 часа секој) или завршен писмен испит на целиот наставен материјал од предметот (времетраење 2 часа). Студентот треба да изработи семинарска работа и истата да ја предаде до крајот на семестарот во кој се слуша предметот. Во конечната оценка влагуваат поените од парцијалните испити/завршниот испит и изработената семинарска работа.
За време на испитот не е дозволено користење книги, скрипти, ракописи или белешки од кој било вид, мобилен телефон, таблет или кој било друг електронски уред.
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Интерна евалуација и анкети.
23. Литература
23.1. Задолжителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Антон Чаушевски Енергетска ефикасност и околина, интерна скрипта ФЕИТ NULL
2 Feretic, Tomsic dr Elektrane i okolis Skolska knjiga, Zagreb NULL
23.2. Дополнителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Gilbert M. Masters Renewable and Efficient Electric Power Systems John Wiley & Sons NULL