Мали и специјални електрични машини

Објавено: јуни 28, 2022
1. Наслов на наставниот предмет Мали и специјални електрични машини
2. Код 4ФЕИТ02З014
3. Студиска програма ЕАОИЕ
4. Организатор на студиската програма Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен Прв циклус студии
6. Академска година / семестар IV/7 7. Број на ЕКТС 6
8. Наставник Д-р Гога Цветковски
9. Предуслов за запишување на предметот Положени: Основи на електрични кола
10. Цели на предметната програма (компетенции). Предметот претставува напреден курс за проучување на малите и специјални електрични машини, со посебен осврт на нивната експериментална анализа. Студентот стекнува проширени и продлабочени знаења за спецификите, конструктивната изведба и принципот на работа на малите и специјални електрични машини како и за можностите за нивната примена. Студентот е оспособен за анализа на малите и специјални електрични машини, како и за нивно поврзување и имплементација во современите автоматизирани индустриски процеси во индустријата, домаќинствата и стопанските објекти.
11. Содржина на програмата: Вовед. Поделба на мaлите и специјални електрични машини. Еднофазни асинхрони мали мотори (ЕАММ): принцип на работа; добивање вртливо поле; двофазни системи. Елементи за дефазирање. Видови еднофазни асинхрони мали мотори. Еквивалентни шеми и енергетски дијаграм на ЕАММ. Кондензаторски асинхрон мал мотор. Мотор со засечени полови. Синхрони мали мотори (СММ): принципи; поделба. СММ со перманентни магнети. Синхрони реактивни ММ. Специјални видови реактивни ММ. Синхрони хистерезни ММ. Еднофазни/универзални колекторски ММ со сериска возбуда: теорија, примена. Мали мотори применети во автоматизираните системи – Сервомотори: принцип на работа, поделба, примена. Начини на управување и видови. Еднонасочни/асинхрони сервомотори. Чекорни мали мотори: принцип на работа; поделба; микропроцесорско управување; режими на работа. Видови чекорни мали мотори. Тахогенератори: принцип на работа, видови, грешки, примена. Еднонасочни/синхрони /асинхрони тахогенератори. Селсини: изведба и видови, принцип на работа, примена; грешки и класи. Трифазни селсини во електрична оска. Еднофазни селсини во индикаторен/трансформаторски режим. Диференцијални селсини. Линeарни мотори: принцип на работа; видови. Карактеристики и примена на асинхрони/синхрони линеарни мотори. Микро и нано технологии за изведба на вртливи електромагнетни и електромеханички системи.
12.Методи на учење Предавања поддржани со презентации, интерактивни предавања, лабораториски вежби, учење со електронско опкружување.
13. Вкупен расположив фонд на часови 3 + 0 + 2 + 0
14. Распределба на расположивото време 180
15. Форми на наставните активности 15.1. Предавања – теоретска настава 45
15.2. Вежби, семинари, тимска работа 30
16. Други форми на активност 16.1. Проектни задачи 0
16.2. Самостојни задачи 15
16.3. Домашно учење 90
17. Начини на оценување 17.1. Тестови 0
17.2. Семинарска работа/проект 25
17.3. Активност и учење 0
17.4. Завршен испит 75
18. Критериуми за оценување до 50 бодови 5 (пет) (F)
од 51до 60 бодови 6 (шест) (E)
од 61до 70 бодови 7 (седум) (D)
од 71до 80 бодови 8 (осум) (C)
од 81до 90 бодови 9 (девет) (B)
од 91до 100 бодови 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Реализирани активности од точка 15.1 и 15.2.
20. Начин на полагање на испитот Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (во времетраење од 120 минути). Во предвидените испитни сесии се полага писмен испит (времетраење 120 минути). Во конечната оценка влагуваат поените од двата парцијални испити или писмениот испит и лабораториските вежби.
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Интерна евалуација и анкети.
23. Литература
23.1. Задолжителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Лидија Петковска Микромашини ЕТФ 1995
2 Гога Цветковски Лабораториски практикум по мали и специјални електрични машини 2020
3 Гога Цветковски Линеарни мотори (интерна скрипта) 2020
23.2. Дополнителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Wiliam Yeadon Alan Yeadon Handbook of Small Electric Motors Mc Graw Hill 2001
2 Jacek Gieras Zbigniew Piech Linear Synchronous Motors CRC Press 2000
3 Sergey Edward Lysevski MEMS and NEMS-Systems, Devices and Structures CRC Press 2000