Математика 1

Објавено: јуни 28, 2022
1. Наслов на наставниот предмет Математика 1
2. Код 4ФЕИТ08З007
3. Студиска програма ТКИИ, КХИЕ, КТИ, ЕЕС, ЕЕПМ, ЕАОИЕ, КСИАР
4. Организатор на студиската програма Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен Прв циклус студии
6. Академска година / семестар I/1 7. Број на ЕКТС 8
8. Наставник Д-р Билјана Начевска-Настовска, Д-р Катерина Хаџи-Велкова Санева, Д-р Соња Геговска-Зајкова
9. Предуслов за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции): По завршување на курсот, студентот е способен: да пресметува гранични вредности, изводи и интеграли; да го интерпретира геометриското значење на гранична вредност, извод, диференцијал и определен интеграл; да ги испитува особините на функции и да го скицира нивниот график; да изведува заклучоци за функциите врз основа на нивниот график; да го интерпретира поимот за непрекинатост, диференцијабилност и интеграбилност на функција; да применува диференцирање и интегрирање во моделирање и решавање геометриски и физички проблеми, да анализира и решава проблеми од електротехниката со комбинирање на основните концепти и принципи од диференцијално и интегрално сметање на реална функција од една реална променлива; логички да размислува и расудува, како и прецизно и јасно да се изразува при презентирање решенија; да ги следи напредните математички курсеви и инженерските предмети во погорните студиски години.
11. Содржина на програмата: Низи од реални броеви, гранична вредност на низи, особини и операции со конвергентни низи, некои специјални низи. Реални функции од една реална променлива, особини, гранична вредност на функција, некои специјални гранични вредности. Прв извод на реална функција од една реална променлива и негова геометриска интерпретација, тангента и нормала на крива во рамнина, основни правила на диференцирање, прв диференцијал, изводи и диференцијали од повисок ред, основни теореми на диференцијалното сметање, примена на изводи, Лопиталово правило, Тајлорова теорема, својства и график на функција. Неопределени интеграли и методи за нивно решавање, определени интеграли, основни теореми на интегралното сметање, теорема на Њутн-Лајбниц, несвојствени интеграли, примена на определените нтеграли во геометрија.
12.Методи на учење Комбиниран начин на учење: предавања, подржани со презентации и визуелизација на концептите, аудиториски вежби, домашни задачи и тестови.
13. Вкупен расположив фонд на часови 4 + 3 + 0 + 0
14. Распределба на расположивото време 240
15. Форми на наставните активности 15.1. Предавања – теоретска настава 60
15.2. Вежби, семинари, тимска работа 45
16. Други форми на активност 16.1. Проектни задачи 0
16.2. Самостојни задачи 35
16.3. Домашно учење 100
17. Начини на оценување 17.1. Тестови 30
17.2. Семинарска работа/проект 0
17.3. Активност и учење 0
17.4. Завршен испит 70
18. Критериуми за оценување до 50 бодови 5 (пет) (F)
од 51до 60 бодови 6 (шест) (E)
од 61до 70 бодови 7 (седум) (D)
од 71до 80 бодови 8 (осум) (C)
од 81до 90 бодови 9 (девет) (B)
од 91до 100 бодови 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Редовна посета на наставата и реализирани тестови.
20. Начин на полагање на испитот Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (во 8. и 15. недела од семестарот, во времетраење од најмногу 90 минути) , а во текот на часовите може да се спроведат и тестови. Во предвидените испитни сесии се полага писмен испит (времетраење најмногу 135 минути). За студентите кои ги положиле парцијалните испити, односно писмениот испит, може да се спроведе завршен устен испит (времетраење најмногу 60 минути). Во конечната оценка влегуваат поените од парцијалните испити, односно писмениот испит, како и поените од тестовите и завршниот устен испит.
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Интерна евалуација и анкети
23. Литература
23.1. Задолжителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 С. Геговска-Зајкова, К. Хаџи-Велкова Санева Диференцијално и интегрално сметање на реални функции од една реална променлива ФЕИТ/УКИМ 2015
2 Н.Тунески, Б. Јолевска-Тунеска Диференцијално сметање УКИМ 2009
3 Н.Тунески, Б. Јолевска-Тунеска Интегрално сметање УКИМ 2011