Нисконапонски електроенергетски инсталации и осветление

Објавено: јуни 28, 2022
1. Наслов на наставниот предмет Нисконапонски електроенергетски инсталации и осветление
2. Код 4ФЕИТ09Л013
3. Студиска програма ЕАОИЕ,ЕЕПМ
4. Организатор на студиската програма Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен Прв циклус студии
6. Академска година / семестар III/6 7. Број на ЕКТС 6
8. Наставник Д-р Јовица Вулетиќ
9. Предуслов за запишување на предметот Положени: Основи на електротехника
10. Цели на предметната програма (компетенции). Стекнување на основни познавања од нисконапонски електрични инсталации и осветление на станбени, деловни, индустриски и јавни објекти.
11. Содржина на програмата: Градба и означување на енергетски и инсталациски кабли. Системи на електрични инсталации. Елементи на електрични инсталации (осигурачи, автоматски инсталациски прекинувачи, струјна заштитна склопка, уред за заштита од електричен лак, мерач и контролер на изолација, уреди за заштита од пренапони). Заштита од електричен удар при нормални експлоатациски услови и при појава на грешка. Димензионирање на кабли. Заштита на објекти од атмосферско празнење. Компензација на реактивна моќност. Изведба на нисконапонски електрични инсталации. Сигурносно и резервно напојување со електрична енергија. Софтверски алатки за проектирање на електрични инсталации. Фотометриски пресметки. Светилки. Софтверски алатки за проектирање на системи за осветление. Изработка на проект за електрична инсталација.
12.Методи на учење Предавања, аудиториски и лабораториски вежби, користење на софтверски алатки, изработка на проектна задача.
13. Вкупен расположив фонд на часови 2 + 2 + 1 + 0
14. Распределба на расположивото време 180
15. Форми на наставните активности 15.1. Предавања – теоретска настава 30
15.2. Вежби, семинари, тимска работа 45
16. Други форми на активност 16.1. Проектни задачи 30
16.2. Самостојни задачи 30
16.3. Домашно учење 45
17. Начини на оценување 17.1. Тестови 15
17.2. Семинарска работа/проект 25
17.3. Активност и учење 10
17.4. Завршен испит 50
18. Критериуми за оценување до 50 бодови 5 (пет) (F)
од 51до 60 бодови 6 (шест) (E)
од 61до 70 бодови 7 (седум) (D)
од 71до 80 бодови 8 (осум) (C)
од 81до 90 бодови 9 (девет) (B)
од 91до 100 бодови 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Изработка на проектна задача и лабораториски вежби.
20. Начин на полагање на испитот Два парцијални испита (по 120 min) или завршен испит (120 min). Испитите се составени од писмен дел.
Студентот треба да ги изработи предвидените домашни и проектни задачи и да ги предаде според договорена динамика на почетокот од семестарот.
Завршната оценка се определува од поените добиени од испитите, домашните и проектните задачи според соодветни тежински коефициенти.
За време на испитот е дозволено користење на стандарди во печатена форма. Употреба на калкулатор е дозволена, но не е дозволено користење на мобилни телефони, таблети или слични електронски уреди.
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Интерна евалуација и анкети
23. Литература
23.1. Задолжителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Властимир Гламочанин Електрични инсталации и осветление ФЕИТ 2010
2 Властимир Гламочанин Електрични инсталации и осветление (аудиториски вежби) ФЕИТ 2010
23.2. Дополнителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Electrical Installation Guide Schneider Electric 2016
2 Barrie Rigby Design of Electrical Services for Buildings, 4th Edition Taylor & Francis Group 2005