Вовед во наноматеријали и нанотехнологии

Објавено: јуни 28, 2022
1. Наслов на наставниот предмет Вовед во наноматеријали и нанотехнологии
2. Код 4ФЕИТ08З002
3. Студиска програма NULL
4. Организатор на студиската програма Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен Прв циклус студии
6. Академска година / семестар 7. Број на ЕКТС 6
8. Наставник Д-р Лихнида Стојановска-Георгиевска
9. Предуслов за запишување на предметот Положени: Физика 1 , Физика 2
10. Цели на предметната програма (компетенции). Запознавање со наноматеријалите и нивните уникатни својства. Можности за примена во нови уреди од напредни технологии во подрачјето на електроинженерството и компјутерските технологии.
11. Содржина на програмата: Елементи од физика на материјалите. Дефинирање на наноматеријалите. Класификација на наноматеријалите според структурата и според материјалот. Видови наноматеријали (полупроводнички и метални наноструктури, јаглеродни наноструктури, квантни точки, композитни нанструктури и дендримери-полимерни наноматеријали). Физички својства и техники за карактеризација на наноматеријали. Современи технологии за добивање на материјали со уникатни својства и наноструктури. Мултиапликативност на нанотехнологиите: основни елементи и примери од наноелектроника, наномагнетизам и нанофотоника. Примена на наноматеријалите во современите компјутерски архитектури (мемориски единици, процесори, CMOS и SOI MOSFET во микропроцесори, микроконтролери, статички RAM, VLSI и ULSI чипови, DRAM). Перспективи во развојот на наноматеријалите и нанотехнологиите
12.Методи на учење Предавања, презентации, аудиториски и лабораториски вежби
13. Вкупен расположив фонд на часови 2 + 2 + 1 + 0
14. Распределба на расположивото време 180
15. Форми на наставните активности 15.1. Предавања – теоретска настава 30
15.2. Вежби, семинари, тимска работа 45
16. Други форми на активност 16.1. Проектни задачи 30
16.2. Самостојни задачи 30
16.3. Домашно учење 45
17. Начини на оценување 17.1. Тестови 10
17.2. Семинарска работа/проект 20
17.3. Активност и учење 10
17.4. Завршен испит 60
18. Критериуми за оценување до 50 бодови 5 (пет) (F)
од 51до 60 бодови 6 (шест) (E)
од 61до 70 бодови 7 (седум) (D)
од 71до 80 бодови 8 (осум) (C)
од 81до 90 бодови 9 (девет) (B)
од 91до 100 бодови 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Изработени лабораториски вежби
20. Начин на полагање на испитот Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од 120 минути), тестови кои се спроведуваат во текот на часовите и тест од лабораториски вежби (по завршување на вежбите, …). За студентите кои ги положиле парцијалните испити и тестот од лабораториски вежби, се смета дека испитот е положен. Останатите студенти полагаат завршен испит нa целиот наставен материјал (времетраење 120 минути). Во конечната оценка влагуваат поените од парцијалните испити/ завршниот испит и тестовите.
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Интерна евалуација и анкети
23. Литература
23.1. Задолжителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Chris Binns Introduction to Nanoscience and Nanotechnology John Wiley & Sons 2021
2 Edward L. Wolf Nanophysics and Nanotechnology: An Introduction to Modern Concepts in nanoscience Wiley VCH 2015
23.2. Дополнителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Marc Baldo Introduction to Nanoelectronics MIT OpenCourseWare Publication 2011