Дигитално процесирање на сигнали

Објавено: јуни 28, 2022
1. Наслов на наставниот предмет Дигитално процесирање на сигнали
2. Код 4ФЕИТ05З011
3. Студиска програма КХИЕ
4. Организатор на студиската програма Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен Прв циклус студии
6. Академска година / семестар III/5 7. Број на ЕКТС 6
8. Наставник Д-р Марија Марковска Димитровска
9. Предуслов за запишување на предметот Положени: Сигнали и системи
10. Цели на предметната програма (компетенции). Курсот има за цел да обезбеди формално разбирање на основните концепти за дигиталното процесирање на сигнали како и практично искуство за процесирање на дигитални сигнали.
По завршување на курсот студентот е оспособен:
– дигитално да процесира дискретни и аналогни сигнали земајки ги во предвид сите можни последици од нивното дискретизирање;
– да користи DFT и нејзиниот брз алгоритам FFT во домен на спектралната анализа свесен за сите последици и пратечки појави;
– да дизајнира IIR и FIR дигитални филтри како и да користи софтверски алатки и пакети за дизајнирање или симулирање на дигитални филтри.
11. Содржина на програмата: Дискретни системи. Преносна функција. Фреквенциска карактеристика. Дискретни системи екситирани со случајни сигнали. Дискретна Фуриеова трансформација (DFT): дефиниција, својства, брза Фуриеова трансформација (FFT), алгоритми за пресметување на FFT. Конволуции: линеарна, циклична, врска помеѓу нив, филтрирање со FFT, конволуција на долги низи. Спектрална анализа со DFT: спектар на конечна и бесконечна низа, пресметување на низата од спектарот, пресметување на аналогниот сигнал од спектарот. Дигитални филтри: класификација, методи за проектирање на FIR дигитални филтри, методи за проектирање на IIR дигитални филтри. Реализација на дигитални филтри. Филтерски структури и осетливост. Реализација на дигитални филтри. Квантизација, ефекти од квантизација
12.Методи на учење Комбиниран начин на учење: предавања, подржани со презентации и визуелизација на концептите, активно учество на студентите преку тестови и задачи за решавање на час, домашни задачи, аудиториски и лабораториски вежби; сето тоа реализирано во електронско опкружување.
13. Вкупен расположив фонд на часови 3 + 1 + 1 + 0
14. Распределба на расположивото време 180
15. Форми на наставните активности 15.1. Предавања – теоретска настава 45
15.2. Вежби, семинари, тимска работа 30
16. Други форми на активност 16.1. Проектни задачи 0
16.2. Самостојни задачи 30
16.3. Домашно учење 75
17. Начини на оценување 17.1. Тестови 10
17.2. Семинарска работа/проект 10
17.3. Активност и учење 10
17.4. Завршен испит 70
18. Критериуми за оценување до 50 бодови 5 (пет) (F)
од 51до 60 бодови 6 (шест) (E)
од 61до 70 бодови 7 (седум) (D)
од 71до 80 бодови 8 (осум) (C)
од 81до 90 бодови 9 (девет) (B)
од 91до 100 бодови 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Следење на предавањата и аудиториските вежби и успешно завршени лабораториски вежби.
20. Начин на полагање на испитот Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од 120 минути), тестови кои се спроведуваат во текот на часовите, лабораториски вежби и домашни работи. Услов за положување на предметот преку парцијални испити е минимум 50% од вкупниот број на поени од сите активности и дополнително минимум 50% од вкупниот број на поени од парцијалните испити.
Во предвидените испитни сесии се полага писмен испит (времетраење 120 минути). Услов за положување на предметот преку писмен испит е минимум 50% од вкупниот број на поени од сите активности (испит, тестови, лабораториски вежби и домашни) и дополнително минимум 50% од вкупниот број на поени од испитот.
За време на испитот не е дозволено користење книги, скрипти, или белешки од кој било вид, како и мобилен телефон, таблет или кој било друг електронски уред.
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Интерна евалуација и анкети
23. Литература
23.1. Задолжителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 A. Oppenheim, R. Schafer, J. Buck Discret- Time Signal Processing, 2 edition Prentice Hall 1999
2 М. Богданов и С. Богданова Дигитално процесирање на сигнали ЕТФ 1998
23.2. Дополнителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Mitra Sanjit K. Digital Signal Processing:A Computer-Based approach, 2 еdition McGraw Hill 2001