Основи на електротехника

Објавено: јуни 28, 2022
1. Наслов на наставниот предмет Основи на електротехника
2. Код 4ФЕИТ06З006
3. Студиска програма ЕАОИЕ,ЕЕПМ,ЕЕС,КТИ,КСИАР,КХИЕ,ТКИИ
4. Организатор на студиската програма Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен Прв циклус студии
6. Академска година / семестар I/1 7. Број на ЕКТС 8
8. Наставник Д-р Благоја Марковски, Д-р Весна Арнаутовски-Тошева, Д-р Владимир Ѓоргиевски
9. Предуслов за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции). Разбирање и примена на основните поими, појави и закони од електротехниката во доменот на електростатиката, теоријата на електрични кола со временски константни струи и напони, и електромагнетизам. По завршувањето на курсот студентот ќе е оспособен за примена на овие знаења при поставување и решавање на соодветно ниво на конкретни проблеми од различни електротехнички системи. Целта е да студентите добијат трајни основни и продалбочени знаења од електритехниката во наведените области, начини на нивната примена за математичко поставување и решавање на проблеми, како и вештини на користење на програми за симулација и мерење на електрични величини во лабораторија.
11. Содржина на програмата: Електричен полнеж и Кулонов закон. Електрично поле. Гаусов закон. Работа на сили на електрично поле. Потенцијал на електрично поле и електричен напон. Спроводници во електрично поле. Електростатска индукција. Капацитивност и кондензатор. Енергија во електрично поле. Диелектрик во електрично поле и поларизација. Воопштен Гаусов закон. Стационарна електрична струја. Електрична отпорност. Основни поими за електрични кола. Елементи на електричните кола, основни тополошки поими и матрици. Омов закон. Џулов закон. Kирхофови закони. Методи и теореми за решавање на линеарни електрични кола со временски константни струи и напони. Стационарно магнетно поле. Магнетен флукс. Амперов и Фарадеев закон. Електромагнетна индукција. Индуктивност (сопствена и меѓусебна) и индуктор. Енергија во магнетно поле. Магнетни својства на материјата и магнетизација. Воопштен Амперов закон.
12.Методи на учење Комбиниран начин на учење: предавања, подржани со презентации и визуелизација на концептите, домашни задачи, аудиториски и лабораториски вежби, тестови.
13. Вкупен расположив фонд на часови 3 + 3 + 1 + 0
14. Распределба на расположивото време 240
15. Форми на наставните активности 15.1. Предавања – теоретска настава 45
15.2. Вежби, семинари, тимска работа 60
16. Други форми на активност 16.1. Проектни задачи 0
16.2. Самостојни задачи 55
16.3. Домашно учење 80
17. Начини на оценување 17.1. Тестови 30
17.2. Семинарска работа/проект 0
17.3. Активност и учење 10
17.4. Завршен испит 60
18. Критериуми за оценување до 50 бодови 5 (пет) (F)
од 51до 60 бодови 6 (шест) (E)
од 61до 70 бодови 7 (седум) (D)
од 71до 80 бодови 8 (осум) (C)
од 81до 90 бодови 9 (девет) (B)
од 91до 100 бодови 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Посетеност на наставата, изработени лабораториски вежби и тест од лабораториски вежби.
20. Начин на полагање на испитот Испитот се полага писмено и се состои од: прв дел задачи и втор дел прашања. Во текот на семестарот се предвидени два парцијални испити од прв дел задачи (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од 90 минути), тестови кои се спроведуваат во текот на часовите и тест од лабораториски вежби (по завршување на вежбите). За студентите кои ги положиле двата парцијални испити (задачи) може да се спроведе завршен испит од втор дел со прашања од теорија (времетраење 45 минути). Во конечната оценка влагуваат поените од парцијалните испити (задачи), тестовите и завршниот испит (прашања).
Во предвидените испитни сесии се полага писмен испит – задачи (времетраење 120 минути). За студентите кои го положиле писмениот испит, може да се спроведе втор дел од испитот прашања од теорија (времетраење 45 минути). Во конечната оценка влагуваат поените од писмениот испит (дел задачи), тестовите и вториот дел од испитот (теорија).
Книги и други материјали за учење не се дозволени во тек на испитот.
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Интерна евалуација и анкети.
23. Литература
23.1. Задолжителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Проф. Леонид Грчев Предавања од основи на електротехника (Електростатика и магнетизам) ФЕИТ Скопје 2022
2 Ч.К. Александер и М.Н.О. Садику Основи на електрични кола McGraw-Hill 2012