Нумерички методи

Објавено: јуни 28, 2022
1. Наслов на наставниот предмет Нумерички методи
2. Код 4ФЕИТ08Л011
3. Студиска програма NULL
4. Организатор на студиската програма Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен Прв циклус студии
6. Академска година / семестар 7. Број на ЕКТС 6
8. Наставник Д-р Билјана Начевска-Настовска
9. Предуслов за запишување на предметот Положени: Математика 1, Математика 2

10. Цели на предметната програма (компетенции). Главната цел на овој предмет е да им овозможи на студентите вовед во областа на нумеричката анализа. Покрај развивањето компетентност во темите, предметот има за цел дополнително да ги развие вештините на студентот за решавање проблеми преку користење нумерички методи и да обезбеди основа за примена на знаењата стекнати во претходните курсеви по математика. По успешното завршување на овој курс, студентот ќе може ефективно да пишува математички решенија и да ги толкува на јасен и концизен начин и ќе покажува способност за критичко размислување преку анализа на практичен проблем и разбирање на математичката основа на проблемот. Исто така, студентот ќе може да примени нумерички методи за да добие приближни решенија за математички и реални проблеми од електротехниката и да ја оцени точноста на добиените нумерички решенија. Студентот ќе биде способен да го проучува решението на диференцијална равенка и да развие практично толкување на нумеричките резултати. Студентот ќе може да разбере како проблемите се генерираат и подготвуваат за решавање со компјутерски софтвер.

11. Содржина на програмата: Теорија на грешки.
Нумеричко решавање на нелинеарни равенки.
Нумеричко решавање на линеарни и нелинеарни системи. Декомпозиција на матрици.
Апроксимација и интерполација. Лагранжов и Њутнов интерполациски полином.
Интерполација со сплајнови и фитување со криви. Метод на најмали квадрати.
Нумеричко диференцирање и интегрирање. Нумеричко решавање диференцијални равенки.
Примена на софтвер во нумерички методи.
12.Методи на учење Предавања, презентации, лабораториски вежби, самостојна изработка на проекти
13. Вкупен расположив фонд на часови 3 + 0 + 2 + 0
14. Распределба на расположивото време 180
15. Форми на наставните активности 15.1. Предавања – теоретска настава 45
15.2. Вежби, семинари, тимска работа 30
16. Други форми на активност 16.1. Проектни задачи 30
16.2. Самостојни задачи 45
16.3. Домашно учење 30
17. Начини на оценување 17.1. Тестови 30
17.2. Семинарска работа/проект 10
17.3. Активност и учење 0
17.4. Завршен испит 60
18. Критериуми за оценување до 50 бодови 5 (пет) (F)
од 51до 60 бодови 6 (шест) (E)
од 61до 70 бодови 7 (седум) (D)
од 71до 80 бодови 8 (осум) (C)
од 81до 90 бодови 9 (девет) (B)
од 91до 100 бодови 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Присуство на часови и учество на тестови
20. Начин на полагање на испитот Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити, со времетраење од најмногу 90 минути,на средина и на крајот на семестарот, тестови и проектна задача која треба да се предаде пред завршување на семестарот. За студентите кои ги положиле парцијалните испити и тестовите, може да се спроведе завршен устен испит во траење од максимум 60 минути. Во конечната оценка влегуваат поените од парцијалните испити, тестовите, проектната задача и завршниот устен испит.
Во предвидените испитни сесии се полага писмен испит со времетраење од максимум 135 минути. За студентите кои го положиле писмениот испит, може да се спроведе завршен устен испит. Во конечната оценка влагуваат поените од писмениот испит и завршниот устен испит.
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Интерна елавуација и анкети
23. Литература
23.1. Задолжителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Катерина Хаџи-Велкова Санева, Елена Хаџиева, Соња Геговска-Зајкова, Билјана Начевска-Настовска Нумерички Методи Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје 2019
23.2. Дополнителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Steven C. Chapra, Raymond P. Canale Numerical Methods for engineers, seventh edition McGraw-Hill Education 2015