Енергетски преобразувачи

Објавено: јуни 28, 2022
1. Наслов на наставниот предмет Енергетски преобразувачи
2. Код 4ФЕИТ02З011
3. Студиска програма ЕАОИЕ
4. Организатор на студиската програма Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен Прв циклус студии
6. Академска година / семестар III/5 7. Број на ЕКТС 6
8. Наставник Д-р Гога Цветковски
9. Предуслов за запишување на предметот Положени: Основи на електрични кола
10. Цели на предметната програма (компетенции). Основна цел на предметот е запознавање на студентите со основните видови на енргетски преобразувачи и нивно функционирање. Истотака студентите ќе бидат запознати со приментата на изучуваните енергетски преобразувачи како и техниките на изработка на модели и извршување на компјутерски симулаци на работата на изучуваните енергетски преобразувачи и пресметка на нивните карактеристики. Студентите ќе имаат компетенции за определување на параметрите и карактеристиките на енергетските преобразувачи и нивна анализа како и оспособеност за нивно моделирање и симулација на работата.
11. Содржина на програмата: Вовед и поделба на енергетските преобразувачи. Особини и карактеристики на пулупроводнички елементи применети во енергетските преобразувачи. Еднофазни неуправувани исправувачи. Еднофазни управувани исправувачи. Трифазни неуправувани исправувачи. Трифазни управувани исправувачи. Примена на исправувачите за напојување и регулација на мотори на еднонасочна струја и кај системи со обновливи извори на енергија. Сложени исправувачи. Примена на сложени исправувачи кај еднонасочен пренос на енергија. Комутација на струи кај еднофазните и трифазните исправувачи. Фактор на моќност и коефициент на полезно дејство кај исправувачите. Управувачка карактеристика на исправувачите. Еднофазни и трифазни изменувачи (инвертори) водени од мрежа. Еднофазни и трифазни автономни изменувачи. Реверзибилни преобразувачи. Примена на инверторите за напојување и регулација на мотори за наизменична струја и кај системи со обновливи извори на енергија. Преобразувачи на фреквенција. Преобразувачи на наизменичен напон. Преобразувачи на еднонасочен напон (чопери). Нереверзибилни и реверзибилни преобразувачи на еднонасочен напон применети за напојување и регулација на мотори на еднонасочна струја.
12.Методи на учење Предавања поддржани со презентации, интерактивни предавања, лабораториски вежби, домашни задачи, учење со електронско опкружување.
13. Вкупен расположив фонд на часови 3 + 1 + 1 + 0
14. Распределба на расположивото време 180
15. Форми на наставните активности 15.1. Предавања – теоретска настава 45
15.2. Вежби, семинари, тимска работа 30
16. Други форми на активност 16.1. Проектни задачи 15
16.2. Самостојни задачи 20
16.3. Домашно учење 70
17. Начини на оценување 17.1. Тестови 0
17.2. Семинарска работа/проект 25
17.3. Активност и учење 0
17.4. Завршен испит 75
18. Критериуми за оценување до 50 бодови 5 (пет) (F)
од 51до 60 бодови 6 (шест) (E)
од 61до 70 бодови 7 (седум) (D)
од 71до 80 бодови 8 (осум) (C)
од 81до 90 бодови 9 (девет) (B)
од 91до 100 бодови 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Реализирани активности од точка 15.1 и 15.2.
20. Начин на полагање на испитот Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити во времетраење од 120 минути, секој. Тие што нема да добијат преодни поени од парцијалнете испити во предвидените испитни сесии можат да полагаат писмен испит во времетраење 120 минути. Во конечната оценка влагуваат поените од двата парцијални испити или писмениот испит, лабораториските вежби и домашните задачи.
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Интерна евалуација и анкети.
23. Литература
23.1. Задолжителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Гога Цветковски Лабораториски практикум (интерна скрипта) ФЕИТ 2020
2 Гога Цветковски Енергетски преобразувачи (интерна скрипта) 2020
23.1. Задолжителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
23.2. Дополнителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Mohammad H. Rashid Power Electronics-Circuits, Devices, and Applications Prentice-Hall Int. 1993
2 Mohammad H. Rashid Power Electronics Handbook Academic Press 2007