Математика 2

Објавено: јуни 28, 2022
1. Наслов на наставниот предмет Математика 2
2. Код 4ФЕИТ08Л008
3. Студиска програма ЕАОИЕ,ЕЕПМ,ЕЕС,КТИ,КХИЕ,КСИАР,ТКИИ
4. Организатор на студиската програма Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен Прв циклус студии
6. Академска година / семестар I/2 7. Број на ЕКТС 7
8. Наставник Д-р Соња Геговска-Зајкова, Д-р Билјана Јолевска-Тунеска, Д-р Катерина Хаџи-Велкова Санева
9. Предуслов за запишување на предметот Ислушани: Математика 1
10. Цели на предметната програма (компетенции). По завршување на курсот, студентот е способен: да објаснува и применува основни концепти и методи од векторски простори, векторска алгебра и аналитичка геометрија; да користи операции со матрици и да ги применува во решавање системи линеарни равенки; да покажува способност за анализирање, математичко моделирање и решавање проблеми од електротехниката со примена на редови; да се изразува прецизно и јасно при презентирање решенија; да ги следи математичките и инженерските предмети во погорните студиски години.
11. Содржина на програмата: Векторски простори, линеарна независност на вектори, база и димензија.Теорија на матрици: основни поими, операции, видови матрици. Детерминанти, особини и пресметување. Инверзни матрици, ранг на матрица, сопствени вредности и сопствени вектори на матрица, примена на матриците за решавање системи линеарни равенки. Вектори во тридимензионален простор, скаларен, векторски и мешан производ. Аналитичка геометрија во тридимензионален простор. Бројни редови, особини и конвергенција: редови со позитивни, со наизменични и со произволни членови, критериуми за конвергенција. Функционални низи и редови, особини и конвергенција. Рамномерна конвергенција и особини на рамномерно конвергентните редови. Степенски редови: дефиниција, конвергенција, интегрирање и диференцирање на степенски ред, развивање функција во Тејлоров ред. Фуриеови редови: дефиниција, својства, развивање функција во Фуриеов ред.
12.Методи на учење Комбиниран начин на учење: предавања, подржани со презентации и визуелизација на концептите, аудиториски вежби, домашни задачи и тестови.
13. Вкупен расположив фонд на часови 3 + 3 + 0 + 0
14. Распределба на расположивото време 210
15. Форми на наставните активности 15.1. Предавања – теоретска настава 45
15.2. Вежби, семинари, тимска работа 45
16. Други форми на активност 16.1. Проектни задачи 0
16.2. Самостојни задачи 30
16.3. Домашно учење 90
17. Начини на оценување 17.1. Тестови 30
17.2. Семинарска работа/проект 0
17.3. Активност и учење 0
17.4. Завршен испит 70
18. Критериуми за оценување до 50 бодови 5 (пет) (F)
од 51до 60 бодови 6 (шест) (E)
од 61до 70 бодови 7 (седум) (D)
од 71до 80 бодови 8 (осум) (C)
од 81до 90 бодови 9 (девет) (B)
од 91до 100 бодови 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Редовна посета на наставата и реализирани тестови.
20. Начин на полагање на испитот Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (во 8. и 15. недела од семестарот, во времетраење од најмногу 90 минути) , а во текот на часовите може да се спроведат и тестови. Во предвидените испитни сесии се полага писмен испит (времетраење најмногу 135 минути). За студентите кои ги положиле парцијалните испити, односно писмениот испит, може да се спроведе завршен устен испит (времетраење најмногу 60 минути). Во конечната оценка влегуваат поените од парцијалните испити, односно писмениот испит, како и поените од тестовите и завршниот устен испит.
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Интерна евалуација и анкети
23. Литература
23.1. Задолжителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Соња Геговска-Зајкова, Катерина Хаџи-Велкова Санева Предавања од предметот Математика 2 ФЕИТ, УКИМ 2015