Енергија и одржлив развој

Објавено: јуни 28, 2022
1. Наслов на наставниот предмет Енергија и одржлив развој
2. Код 4ФЕИТ06З004
3. Студиска програма ЕАОИЕ
4. Организатор на студиската програма Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен Прв циклус студии
6. Академска година / семестар II/3 7. Број на ЕКТС 6
8. Наставник Д-р Снежана Чундева
9. Предуслов за запишување на предметот Положени: Основи на електротехника
10. Цели на предметната програма (компетенции). Запознавање со основните карактеристики на глобалниот енергетски сектор, влијание на енергетскиот сектор врз животната средина, мерки и технологии со кои може да се постигне долгорочна енергетска одржливост. Оспособеност да се идентификува и објасни влијанието на енергетскиот сектор врз животната средина и да се предложат мерки и решенија за одржлив развој.
11. Содржина на програмата: Вовед за одржлив развој и значење од аспект на економија, животната средина и општеството. Климатски промени. Извори на енергија, необновливи и обновливи. Влијание на енергетскиот сектор врз животната средина. Прописи, норми и меѓународни договори. Мерки за заштита на животната средина. Одржливи енергетски технологии. Примери на одржливи енергетски решенија. Можности и перспективи кон остварување на одржлив електроенергетски систем.
12.Методи на учење Предавања – Power Point презентации
Вежби – работа во групи, разработка на студии на случај, изработка на семинарски трудови
13. Вкупен расположив фонд на часови 3 + 2 + 0 + 0
14. Распределба на расположивото време 180
15. Форми на наставните активности 15.1. Предавања – теоретска настава 45
15.2. Вежби, семинари, тимска работа 30
16. Други форми на активност 16.1. Проектни задачи 25
16.2. Самостојни задачи 40
16.3. Домашно учење 40
17. Начини на оценување 17.1. Тестови 25
17.2. Семинарска работа/проект 20
17.3. Активност и учење 5
17.4. Завршен испит 50
18. Критериуми за оценување до 50 бодови 5 (пет) (F)
од 51до 60 бодови 6 (шест) (E)
од 61до 70 бодови 7 (седум) (D)
од 71до 80 бодови 8 (осум) (C)
од 81до 90 бодови 9 (девет) (B)
од 91до 100 бодови 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит посетеност на настава и реализирани активности 15.2, 16.1, 16.2
20. Начин на полагање на испитот Во текот на семестарот се предвидени 2 парцијални испити, секој во времетраење не подолго од 60 минути. Во конечната оценка влегуваат поените од парцијалните испити, домашните задачи, семинарската задача и активното учество во дискусиите на часовите. Семинарската задача се изработува и презентира во текот на семестарот. Во завршната оценка влегуваат сите активности во текот на семестарот, вклучително со семинарската задача. За време на испитот не е дозволено користење книги, скрипти, ракописи или белешки од кој било вид, мобилен телефон, таблет или кој било друг електронски уред.
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата внатрешна евалуација и анкета
23. Литература
23.1. Задолжителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Снежана Чундева Енергија и одржлив развој – интерна скрипта 2022
2 Volker Quaschning Обновлива енергија и климатски промени John Wiley & Sons Ltd. 2020
23.2. Дополнителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Internation Energy Agency NULL
2 European Commission Energy NULL