Инженерска документација

Објавено: јуни 28, 2022
1. Наслов на наставниот предмет Инженерска документација
2. Код 4ФЕИТ02З012
3. Студиска програма ЕАОИЕ
4. Организатор на студиската програма Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен Прв циклус студии
6. Академска година / семестар IV/7 7. Број на ЕКТС 6
8. Наставник Д-р Маја Целеска
9. Предуслов за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции). Да се усвојат принципите за изработка на техничка документација, со цел да може да се толкуваат текстуалните и графичките делови од истата. Да се совладаат CAD алатки и примена на знаењето при проектирање.
11. Содржина на програмата: Основи на геометриски конструкции и техничко цртање. Значење и можности за графичка комуникација помеѓу инженерите. Симболи на основни електротехнички, електронски и електромеханички елементи и склопови. Видови, производство и употреба на шеми од електротехничката професија. Дијаграми за ожичување. Текстуална документација. Опис на компонентите и методите за користење на CAD системи. Употреба на CAE систем при дизајнирање на електротехнички дел од проекти и слична документација. Обележување на елементите според IEC стандарди. Основи при подготовка и изготвување инженерска документација со примена на напредни софтверски алатки. Развој на проекти во алатките AutoCAD, AutoCAD electric и Eplan. Законска регулатива и видови на проектна документација.
12.Методи на учење Предавања, презентации, аудиториски вежби, самостојна работа, програмски задачи
13. Вкупен расположив фонд на часови 3 + 1 + 1 + 0
14. Распределба на расположивото време 180
15. Форми на наставните активности 15.1. Предавања – теоретска настава 45
15.2. Вежби, семинари, тимска работа 30
16. Други форми на активност 16.1. Проектни задачи 30
16.2. Самостојни задачи 30
16.3. Домашно учење 45
17. Начини на оценување 17.1. Тестови 0
17.2. Семинарска работа/проект 70
17.3. Активност и учење 10
17.4. Завршен испит 20
18. Критериуми за оценување до 50 бодови 5 (пет) (F)
од 51до 60 бодови 6 (шест) (E)
од 61до 70 бодови 7 (седум) (D)
од 71до 80 бодови 8 (осум) (C)
од 81до 90 бодови 9 (девет) (B)
од 91до 100 бодови 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Реализирани активности 15.2 и 16.1
20. Начин на полагање на испитот Во текот на семестарот студентот треба да изработи и да презентира две проектни задачи, со цел да стекне право за полагање на предметот. Преку проектните задачи студентот треба да покаже дека знае да изготви и толкува стандардизирана техничка документација. Воедно, писменото плагање се реализира или преку два парцијални испити (по 120 min) во текот на семестарот или преку завршен писмен испит (120 min)- на крајот од семестарот. Студентот кој успешно ги реализирал претходните активности, потребно е да го положи и завршниот устен испит (60 min). Оценката се формира со соодветно бодирање на сите погоре наведени активности.
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Интерна евалуација и анкети
23. Литература
23.1. Задолжителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Isabella Skiba, Bert Bielefeld Basics Technical Drawing Parthian Books 2013
2 Ascent – Center for Technical Knowledge AutoCAD Electrical 2017 (R1): Fundamentals with NFPA Standards ASCENT, Center for Technical Knowledge 2016
3 Bernd Gischel EPLAN Electric P8 Reference Handbook Hanser Publishers 2016
23.2. Дополнителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Jerry C. Whitaker, Robert K. Mancini Technical Documentation and Process CRC Press 2016