Физика 2

Објавено: јуни 28, 2022
1. Наслов на наставниот предмет Физика 2
2. Код 4ФЕИТ08Л016
3. Студиска програма ЕАОИЕ, ЕЕПМ, ЕЕС, КТИ, КСИАР, КХИЕ, ТКИИ
4. Организатор на студиската програма Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен Прв циклус студии
6. Академска година / семестар I/2 7. Број на ЕКТС 7
8. Наставник Д-р Маргарита Гиновска, Д-р Христина Спасевска, Д-р Лихнида Стојановска-Георгиевска, Д-р Ивана Сандева
9. Предуслов за запишување на предметот Ислушани: Физика 1
10. Цели на предметната програма (компетенции): Користење на физичките законитости од модерната физика при моделирање и решавање на конкретни проблеми во инженерството.
• Објаснување на основните принципи од специјалната теорија на релативност.
• Примена на Максвелови равенки кај електромагнетни бранови.
• Примена на законите на физичката оптика.
• Објаснување на физичките принципи на работа на современи уреди во техниката.
• Објаснување на основните појави од атомска физика.
• Објаснување на основните квантномеханички принципи.
• Примена на Шредингерова равенка на некои основни системи.
• Анализа на структурата на цврсто тело.
• Објаснување на појавите на спроводливост кај метали.
• Примена на квантномеханички принципи за анализа на електричните, магнетните и оптичките својства на цврсто тело.
• Примена на физичките принципи кај наноматеријали.
• Објаснување на физичките појави на атомско и нуклеарно ниво.
• Примена на физичките принципи и појави од оптиката, атомската и нуклеарната физика во различни области (електроника, автоматика, телекомуникации, енергетика, медицина).
11. Содржина на програмата: Специјална теорија на релативност. Релативистичка механика. Лоренцови трансформации. Релативистичка енергија и импулс. Електромагнетни бранови. Максвелови равенки. Индекс на прекршување, дисперзија, апсорпција и поларизација на ЕМ бранови. Поларизација на светлината како ЕМ бран и Малусов закон. Бранова природа на светлина. Кохерентност. Јунгов обид. Интерференција. Интерферометрија, детекција и мерење на мали поместувања. Дифракција и дифракциона решетка. Светлински кванти. Фотоелектричен ефект. Апсорпција, емисија и спонтана емисија. Примена во современи уреди во техниката. Атомска физика. Боров модел на атомот. Атомски спектри. Рендгенско зрачење. Линиски и континуиран спектар. Мозлиев закон. Комптонов ефект. Примена на рендгенски зраци. Квантна механика. Дуалност бран-честичка. Квантно механички постулати. Хајзенбергов принцип на неопределеност. Шредингерова равенка и нејзино решение за слободна честичка, честичка во потенцијална јама и низ потенцијална бариера. Тунел ефект. Шредингерова равенка за водороден атом. Квантни броеви. Периоден систем. Паулиев принцип. Физика на тврдо тело. Ферми-Диракова функција на распределба. Модел на слободен електрон. Фермиева енергија. Густина електронски состојби. Брилуенова зона. Спроводливост на металите. Квантна теорија на полуспроводници. Електрични и магнетни својства на материјалите. Суперспроводливст. Квантна теорија на поларизација, дијамагнетизам, парамагнетизам и феромагнетизам. Нови својства и однесување на материјалите на квантно ниво (нанониво). Примери и примена на нанонауката и нанотехнологиите во различни гранки на електроника, компјутерско инженерство, автоматика, роботика, до биологија и медицина. Нуклеарна физика. Состав на атомско јадро. Јадрени сили. Нуклеарни реакции. Нуклерна енергија, зрачење и заштита од зрачење. Примена на нуклеарна физика во техника, енергетика и медицина.
12.Методи на учење Предавања, презентации, аудиториски и лабораториски вежби
13. Вкупен расположив фонд на часови 3 + 2 + 1 + 0
14. Распределба на расположивото време 210
15. Форми на наставните активности 15.1. Предавања – теоретска настава 45
15.2. Вежби, семинари, тимска работа 45
16. Други форми на активност 16.1. Проектни задачи 30
16.2. Самостојни задачи 30
16.3. Домашно учење 60
17. Начини на оценување 17.1. Тестови 10
17.2. Семинарска работа/проект 0
17.3. Активност и учење 20
17.4. Завршен испит 70
18. Критериуми за оценување до 50 бодови 5 (пет) (F)
од 51до 60 бодови 6 (шест) (E)
од 61до 70 бодови 7 (седум) (D)
од 71до 80 бодови 8 (осум) (C)
од 81до 90 бодови 9 (девет) (B)
од 91до 100 бодови 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Изработени лабораториски вежби
20. Начин на полагање на испитот Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од 120 минути), тестови кои се спроведуваат во текот на часовите и тест од лабораториски вежби (по завршување на вежбите, …). За студентите кои ги положиле парцијалните испити и тестот од лабораториски вежби, се смета дека испитот е положен. Останатите студенти полагаат завршен испит нa целиот наставен материјал (времетраење 120 минути). Во конечната оценка влагуваат поените од парцијалните испити/ завршниот испит и тестовите.
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Интерна евалуација и анкети
23. Литература
23.1. Задолжителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Х. Спасевска, М. Гиновска, В. Георгиева Предавања по предметот Физика 2 ФЕИТ, УКИМ 2016
23.2. Дополнителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 С. Торнтон, Е. Рекс Модерна физика за научници и инженери Табернакул 2010
2 P. Tipler Physics for scientists and engineers, Vol.2 Worth Publishers 1999