Економија за инженери

Објавено: јуни 28, 2022
1. Наслов на наставниот предмет Економија за инженери
2. Код 4ФЕИТ09Л005
3. Студиска програма ЕЕС,ЕАОИЕ,КСИАР,КХИЕ,ТКИИ
4. Организатор на студиската програма Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен Прв циклус студии
6. Академска година / семестар IV/8 7. Број на ЕКТС 6
8. Наставник Д-р Петар Крстевски
9. Предуслов за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции). Стекнување на знаења за основните концепти на економијата. Запознавање со принципите на временска перспектива на вредноста на парите и дисконтирање, кредити и други финансиски инструменти. Студентите ќе бидат оспособени за извршување на економски проценки на инвестиции и анализи на ризици.
11. Содржина на програмата: Економијата како наука – потреба од изучување на основите на економијата во инженерството. Поим за микроекономија и макроекономија. Концепт на маргина на производни можности. Фактори на производство и кружен тек на економијата. Поим за инвестирање. Видови на инвестиции. Инвестициски проекти – основен концепт и типови. Инвестициски циклус. Пари – основни концепти на монетарната политика. Проста и сложена каматна стапка. Дисконтни стапки. Временска перспектива на вредноста на парите и капиталот – сегашна идна и годишна вредност. Кредити. Инфлација – поим, инфлациони низи и фактор на израмнување. Амортизација – поим и шеми на амортизација. Тек на капитал. Ликвидност. Хартии од вредност. Методи на одредување на трошоци и корисности. Класификација на трошоци – капитални и оперативни трошоци. Монетизација на придобивките. Влијание на проектите врз животната средина. Неекономски придобивки од инвестициите. Поделба на методите за економска проценка – статички, динамички и стохастички. Период на враќање на инвестицијата. Просечна стапка на принос од инвестицијата. Дисконтни техники за проценка на инвестиции – метод на нето сегашна вредност (NPV), индекс на профитабилност (PI), внатрешна стапка на поврат на капитал (IRR), минимални трошоци, годишна еквивалентна вредност. Примена на методите за економска проценка на инвестиции на примери во инженерството. Анализа на ризици и споредба на инвестиции. Ризикот и неговото мерење – одредување на склоност кон ризик, проектни ризици. Вреднување на инвестиции – основни принципи, митови и пристапи. Пресметка на трошок на капитал. Пондериран просечен трошок на капитал на компанија (WACC). Вреднување на акции на компании – пресметка на дисконтиран слободен тек на капитал. Анализа на осетливост.
12.Методи на учење Предавања и вежби со презентации и практични примери, интерактивност на часовите, консултации и изработка на домашни/семинарски задачи.
13. Вкупен расположив фонд на часови 3 + 2 + 0 + 0
14. Распределба на расположивото време 180
15. Форми на наставните активности 15.1. Предавања – теоретска настава 45
15.2. Вежби, семинари, тимска работа 30
16. Други форми на активност 16.1. Проектни задачи 30
16.2. Самостојни задачи 30
16.3. Домашно учење 45
17. Начини на оценување 17.1. Тестови 0
17.2. Семинарска работа/проект 10
17.3. Активност и учење 10
17.4. Завршен испит 80
18. Критериуми за оценување до 50 бодови 5 (пет) (F)
од 51до 60 бодови 6 (шест) (E)
од 61до 70 бодови 7 (седум) (D)
од 71до 80 бодови 8 (осум) (C)
од 81до 90 бодови 9 (девет) (B)
од 91до 100 бодови 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Редовно посетување на предавањата и вежбите
20. Начин на полагање на испитот Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од 120 минути). Покрај тоа, студентот треба да ги изработи предвидените домашни/семинарски задачи и да ги предаде според објавената динамика на веб страницата за предметот. За студентите кои не се успешни во полагањето на парцијалните испити, постои дополнителна можност да полагаат завршен писмен испит, со времетраење од 180 минути.
Завршната оценка се определува според поените добиени од испитите и домашните/семинарските, кои учествуваат со соодветни тежински коефициенти.
За време на испитот не е дозволено користење литература во печатена или електронска форма, како и мобилен телефони, таблети или кој било друг електронски уред. Употреба на калкулатор е дозволена.
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Интерна евалуација и анкети
23. Литература
23.1. Задолжителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Dubravko Sabolic Uvod u mikroekonomiku – odabrane teme – University of Zagreb 2014
2 Hisham Katib Economic evaluation of projects in the Electicity Supply Industry IET, London, United Kingdom 2003
3 D. G. Newnan, T. G. Eschenbach, J. P. Lavelle Engineering Economic Analysis Oxford University Press 2004