Електрични генератори и трансформатори

Објавено: јуни 28, 2022
1. Наслов на наставниот предмет Електрични генератори и трансформатори
2. Код 4ФЕИТ02З005
3. Студиска програма ЕАОИЕ
4. Организатор на студиската програма Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен Прв циклус студии
6. Академска година / семестар III/5 7. Број на ЕКТС 6
8. Наставник Д-р Крсте Најденкоски
9. Предуслов за запишување на предметот Ислушани: Електромеханичко претворање на енергијата
10. Цели на предметната програма (компетенции). Детално познавање на конструктивните делови и материјалите од кои се изработени генераторите и трансформаторите. Запознавање со функционирањето на електричните генератори и трансформатори. Оспособеност за избор на генератори и трансформатори, според нивното место во електроенергетскиот систем, како и за анализа на нивните карактеристики.
11. Содржина на програмата: Основни поими за генератори. Видови на генератори. Конструктивни особености на поедините видови генератори (синхрони, асинхрони). Турбогенератори и хидрогенератори. Асинхрони генератори. Микрогенератори. Математички модел. Фазорски дијаграми. Синхрони реактанси. Синхронизација. Дијаграм на оптоварување. Стабилност и статичка преоптоварливост. Автономна работа на генераторите. Паралелна работа на генераторите на мрежа при константна моќност и при константна возбуда.
Основни конструктивни карактеристики на дистрибутивните и енергетските трансформатори. Магнетен и електричен систем. Дополнителна опрема и уреди. Поделба на трансформаторите. Режими на работа: празен од, оптоварување, куса врска. Еквивалентна шема. Шеми и групи на соединување на трофазни трансформатори. Паралелна работа. Енергетска ефикасност на трансформаторите.
12.Методи на учење Интерактивни предавања, аудиториски и лабораториски вежби.
13. Вкупен расположив фонд на часови 3 + 1 + 1 + 0
14. Распределба на расположивото време 180
15. Форми на наставните активности 15.1. Предавања – теоретска настава 45
15.2. Вежби, семинари, тимска работа 30
16. Други форми на активност 16.1. Проектни задачи 0
16.2. Самостојни задачи 0
16.3. Домашно учење 105
17. Начини на оценување 17.1. Тестови 10
17.2. Семинарска работа/проект 0
17.3. Активност и учење 0
17.4. Завршен испит 90
Критериуми за оценување до 50 бодови 5 (пет) (F)
од 51до 60 бодови 6 (шест) (E)
од 61до 70 бодови 7 (седум) (D)
од 71до 80 бодови 8 (осум) (C)
од 81до 90 бодови 9 (девет) (B)
од 91до 100 бодови 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Реализирани активности 15.1 и 15.2
20. Начин на полагање на испитот Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од 120 минути), и тест од лабораториски вежби. За студентите кои ги положиле парцијалните испити и тестот од лабораториски вежби, се смета дека испитот е положен. Останатите студенти полагаат завршен испит нa целиот наставен материјал (времетраење 120 минути). Во конечната оценка влагуваат поените од парцијалните испити/ завршниот испит и тестот.
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Интерна евалуација и анкети
23. Литература
23.1. Задолжителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 I.Boldea The Electric Generators Handbook ЦРЦ 2005
2 M. Heathcote J & P Transformer Book, Thirteenth Edition Newnes 2007